ВЕСТ НА ДЕНОТ
Фон дер Лајен им честиташе на Украина и Молдавија за почетокот на пристапните преговори
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Прашањето за разрешување во целина на Судскиот совет е доста комплексно и не е едноставно, бидејќи ако го разрешите Судскиот совет со закон, тоа е големо прашање дали така може уставни тела да бидат разрешувани со обични закони во целина, како и тоа дека ќе значи мешање во судската власт т.е. во автономното право на судиите да ги избираат своите членови во Судскиот совет, вели академик Владо Камбовски.
РЕГИОН
Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
СВЕТ
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Шојгу и Герасимов
Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налог за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и на високиот руски генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот, за извршени воени злосторства во Украина.
МЕДИУМИ
Дерала ќе ја прими наградата за новинари на Југоисточна Европа во германскиот Бундестаг
Германската Фондација Југоисточна Европа почна со подготовките на церемонијата за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала. „Со задоволство го објавуваме победникот на нашата Награда #Солидарност за #новинари од Југоисточна Европа за 2024 година, Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Честитки“ – се вели во објавата на социјалните мрежи.
АНАЛИЗИ
По смртта на Евгениј Пригожин во авионска несреќа на 23 август 2023 година, неговата приватна воена компанија Вагнер продолжува да постои под водство на неговиот син, додека неговите медиумски компании и таканаречените „трол-фарми“, вклучувајќи ја и озлогласената Агенција за истражување на Интернет (ИРА) продолжуваат да ја таргетираат публиката во Европа, САД, Украина и во Русија.
Подготви: Д. Мишев