• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Борел очекува ЕУ да ги укине санкциите за Косово; Куќен притвор за 8 лекари на Онкологија во Тирана; Долината Вјоса се спрема за УНЕСКО

June 25, 2024

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Борел очекува ЕУ да ги укине санкциите за Косово; Куќен притвор за 8 лекари на Онкологија во Тирана; Долината Вјоса се спрема за УНЕСКО

June 25, 2024 10:21
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека очекува ЕУ да ги укине постепено но бргу санкциите за Косово, јавуваат косовските медиуми.

Судот во Тирана им одреди мерки „куќен притвор“ и „должност за јавување“ на осум лекари од Онколошката болница, поради продажба на  болнички лекови на приватни субјекти, пренесуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТВ 21: Борел очекува ЕУ да ги укине санкциите против Косово

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одржа прес-конференција во понеделникот. Борел зборуваше за прашањето за казнените мерки против Косово, велејќи дека очекува тие да бидат отстранети.

„Ако овие санкции се укинат, се надевам дека ќе биде така. Барем тоа е мојот предлог. Дури и во постепена форма, но брзо. Ова може да создаде сценарио каде што не велам дека дијалогот ќе се рестартира, но барем нема да заврши нагло. Двајцата лидери не се сретнаа долго време во рамките на дијалогот и не сакам да се откажам пред крајот на мојот мандат“, рече Борел, пренесе РТВ 21.

Клан Косова: Стејт Департментот  му препорачува на Косово да воведе соодветни казни за трговија со луѓе

Американскиот Стејт департмент го објави својот годишен извештај за трговијата со луѓе ширум светот.

Со својата објава државниот секретар Ентони Блинкен рече дека документот дава најсеопфатна проценка на феноменот како и напорите на владите да се борат против него, пренесува  Клан Косова.

Косово и годинава, исто како и лани, е рангирана во категоријата земји од второ ниво.

Во извештајот се наведува дека Владата покажала севкупни зголемени напори во однос на претходниот период. Тие вклучуваа казнување на сите трговци со луѓе со затвор, онаму каде што е соодветно, и не изрекување на каква било казна освен парична казна.

Извештајот препорачува енергична истрага и гонење на злосторствата за трговија со луѓе и соодветно казнување за трговците со луѓе, вклучувајќи ги и службениците кои соработуваат со нив.

АЛБАНИЈА

Досја: „Шема за продажба“, истрага за дрога, судот во Тирана им одреди „куќен притвор“ и „обврска да се јават“ на 8 лекари од Онколошката болница

Судот во Тирана им одреди 8 мерки „куќен притвор“ и „должност за јавување“ на лекарите од Онколошката болница.

Ваквата одлука е донесена на барање на обвинителството во Тирана, каде што има истрага за проблемот со лековите за хемотерапија.

Станува збор за истрага на обвинителството во Тирана која успеала да открие шема според која лекари од Онколошката болница продавале болнички лекови на приватни субјекти, пренесе Досја.

Ора Њуз – Долината Вјоса во УНЕСКО, Кумбаро: Се состанува техничката група за подготовка на досието

Албанските власти веќе почнаа да работат на вклучување на Вјоса на листата на светски имоти заштитени од УНЕСКО, во рамките на програмата „Човекот и биосферата“.

Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро денеска соопшти дека на брегот на Дрим  во Тепелена е одржан состанок на локалната техничка група за подготовка на досието за вклучување на долината Вјоса во програмата „Човекот и биосферата“ на УНЕСКО, пренесува Ора Њуз.

КОЛУМНА

Панорама: Апсурдот версус  „правната држава“!

„Фразата „Правна држава“ е една од најкористените на политичкиот бином СП-ПД на полето на надворешниот, а помалку на внатрешниот дискурс. Нагласуваме внатрешно, бидејќи често оние што го користат од политичарите тешко дека ќе го сфатат во суштина, а од друга страна, апсурдот е тој што навистина нè соочува и го поткопува целото значење на „правната држава“.

Развојот и соочувањето на овој концепт преку почитување на нашиот Устав, кој е изменет неколку пати, покажа многу проблеми, кои теоретичарите на Правдата добро ги објаснија“, пишува авторот Бен Андони во колумната „ Апсурдот версус  „правната држава“!“, објавена во дневникот Панорама.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ