• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српската држава забрани соработка на уметници од Србија и Косово; Објавена нова снимка од осомничениот за шпионажа Бедри Шабани; затвор за четири лица за убиството на Ивановиќ

June 28, 2024
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српската држава забрани соработка на уметници од Србија и Косово; Објавена нова снимка од осомничениот за шпионажа Бедри Шабани; затвор за четири лица за убиството на Ивановиќ

June 28, 2024 11:58
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Младинската иницијатива за човекови права вчера по 14 часот добила усно известување од Министерството за внатрешни работи на Србија за забрана на сите настани во рамките на фестивалот „Mirëdita, Dobar Dan”, јавуваат медиумите во Косово.

Основниот суд во Приштина изрече казна затвор на четири лица, за учество во криминална група која го организираше убиството на Оливер Ивановиќ пред шест години, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанскте медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Косова Прес: Српската држава  забранува соработка меѓу уметници од Србија и Косово

Младинската иницијатива за човекови права вчера по 14 часот добила усно известување од Министерството за внатрешни работи на Србија за забрана на сите настани во рамките на фестивалот „“Mirëdita, Dobar Dan”. Забраната беше официјално соопштена како наредба да се прекине собирот, прво вербално, а потоа и во писмена форма, вклучувајќи ги сите активности поврзани со фестивалот, и јавни и настани наменети само за гости, пренесува Косова Прес.

Бота Сот: Објавена аудио снимката помеѓу Бедри Шабани и Богољуб Јаничевиќ, одговорен за масакрот во Речак

Објавена е уште една аудио-снимка од разговорот на Бедри Шабани, осомничен за шпионажа. Овој пат со одговорниот и нарачателот на масакрот во Речак, Богољуб Јаничевиќ.

Оваа аудио снимка е објавена ексклузивно на „Дебат плус“, каде што се слуша како Бедри Шабани телефонски разговара со Богољуб Јаничевиќ, пренесе Бота Сот.

ТВ Клан: Судот во Приштина изрече затворска казна за 4 лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ

Основниот суд во Приштина во петокот го осуди Неделко Спасојевиќ на четири години и шест месеци затвор за учество во криминална група која го организираше убиството на Оливер Ивановиќ пред шест години.

Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ беа осудени на по четири години затвор, Марко Росиќ на десет години затвор, додека Силвана Арсовиќ беше ослободена.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред објектот на неговата партија во Северна Митровица, пренесува ТВ Клан.

АЛБАНИЈА

Сури: Специјалниот суд за корупција  ја оспори одлуката на СПАК за Белери, се откри наредбата од пред 3 месеци

Специјалната судијка Елса Улири го сруши митот дека речиси сите барања на Белер се отфрлени, донесувајќи обврзувачка одлука со која му наложи на СПАК да спроведе истражни дејствија во врска со тврдењата на одбраната.

И доколку овие наводи стојат, би бил забележан невиден момент, каде сите досегашни постапки на судството против Фреди Белери би биле прогласени за ништовни, вклучително и оние за неговата осуда во двата суда.

„Судот оценува дека жалбата во некои негови делови е поткрепена со законот и доказите и поради тоа ова барање треба делумно да се прифати само во однос на овие тврдења, кои ќе бидат анализирани по оваа одлука, пренесува Сури.

КОЛУМНА

Коха: Нов свет

„Гарантирајќи оружје за Украина и литиум за Запад, на Вучиќ ќе му се гарантира цементирање на моќта во Србија и бенигна хегемонија во целиот регион. Така, интересите на Западот и Вучиќ ќе бидат целосно усогласени.

Така, Косово се најде во радикално поинаков свет од 1999 година. Србија повеќе не е заколнат непријател на НАТО, туку драг сојузник на Западот.“, пишува Демуш Шаша во колумната „Нов свет“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ