• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија, Италија, Бугарија и Северна Македонија го потпишаа документот за воена мобилност долж Коридорот VIII; Албанската опозиција на протести; Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

July 11, 2024
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија, Италија, Бугарија и Северна Македонија го потпишаа документот за воена мобилност долж Коридорот VIII; Албанската опозиција на протести; Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

July 11, 2024 11:03
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот министер  за одбрана Нико Пелеши за време на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша Писмото за намери за обезбедување на воена мобилност долж VIII паневропски коридор, со неговите колеги од Италија, Бугарија и Северна Македонија, пренесоа албанските медиуми.

Владата на Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

АБЦ Њуз: Албанија, Италија, Бугарија и Северна Македонија  го потпишаа документот за воена мобилност долж Коридорот VIII

Министерот за одбрана Нико Пелеши за време на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша Писмото за намери за обезбедување на воена мобилност долж VIII паневропски коридор, со неговите колеги од Италија, Бугарија и Северна Македонија.

Преку овој документ, државите се обврзуваат да ги преземат сите соодветни мерки за да обезбедат максимална флексибилност и воена мобилност на нивните територии како поддршка на спроведувањето на агендата на НАТО за одвраќање и одбрана во евроатлантската област, пренесе албанскиот медиум АБЦ Њуз.

Визион Плус: Денеска протест на опозицијата, демократите и граѓаните се собраа пред кабинетот на премиерот

Демократската партија денеска ќе одржи протест во 20:00 часот пред премиерскиот кабинет.

Протестот беше најавен пред неколку недели, кога Апелациониот суд му даде печат на ДП на поранешниот премиер Сали Бериша.

Мотото на протестот на демократите е „обединети во битка“ против сиромаштијата и скандалите во кои се вмешани некои владини функционери, пренесе Визион Плус.

Балкан Веб: „Реформата во правосудството функционира“, евроамбасадорот Гонзато: Да дозволиме  СПАК си ја врши работата

Амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Силвио Гонзато, беше на средба во Скадар организирана во рамките на програмата „ЕУ за општините“, на која беа анализирани достигнувањата во последните три години во општините каде што се спроведуваше.

Тој ја пофали реформата во правосудството, притоа нагласувајќи дека треба да му се дозволи на СПАК да ја врши работата, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Коха: Косово го прогласи  11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Владата на Косово во средата го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Вчерашната  седница на Владата почна со едноминутно молчење во почит на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Премиерот Албин Курти изјави дека прогласувањето на 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница е благородна и соодветна акција во име на Косово, пренесе Коха.

ВОА: Османи за односите на Косово со САД:  Разлики во пристапот, но не и во целта 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за Гласот на Америка, зборуваше за прашањето за Заедницата на општините со српско мнозинство, односите со меѓународните сојузници, конкретно со САД, како и за другите политички случувања во земјата.

Османи додаде дека Косово не бара да ги напушти обврските, туку да има, како што рече, „паралелно спроведување на договорот постигнат во Брисел, познат како Основен договор и Охридски анекс, каде има обврски за Косово, но и обврски. јасно за Србија, што во целост значат де факто признавање на Република Косово“.

Во однос на односите на Косово со Соединетите Американски Држави и официјалните покани кои во најголем број случаи и се упатуваат на неа, а не на премиерот Албин Курти, претседателот Османи изјави дека во Уставот на Република Косово институцијата претседател води странски политика.

„Значи, најнормално е што поканите за Вашингтон, за Њујорк, за самитот на „Европската политичка заедница“, каде што ќе патувам за неколку дена, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, на самитот за мир за Украина, каде што бев, да бидам за претседател бидејќи ова е имплементација на уставот на Република Косово. Така беше секогаш и со претходните претседатели, кои ја претставуваа Република Косово на меѓународен аспект“, изјави Османи за Гласот на Америка.

Османи меѓу другото додаде дека има разлики во пристапот, но не и во целта меѓу американските претставници и Владата на Косово.

КОЛУМНА

Коха: Враќање во нулта точка

„За државните работи е карактеристично што важните работи од јавен интерес добиваат сложени и бирократски имиња. Како институциите да даваат се од себе за граѓаните да не сфатат ништо за работите на државата.

Така, на пример, кога беа отстранети визите на Косово, не беше едноставно кажано дека „визите ќе се отстранат“, туку точниот и формален термин беше „дополнувањето-измената на Регулативата на ЕУ 2018/1086 ќе биде одобрена за земјите од трето, чии граѓани мора да имаат визи при преминување на надворешните граници и оние граѓани кои се ослободени од ова барање“… значи, тотално неразбирливо.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Враќање во нулта точка“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ