• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

ЈСП и такси превозот во Скопје пред колапс: Ако не, па да ги вратиме пајтоните на Коце

August 28, 2024

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ЈСП и такси превозот во Скопје пред колапс: Ако не, па да ги вратиме пајтоните на Коце

August 28, 2024 12:21
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

За четири дена започнува новата учебна година, кога ЈСП „Скопје“ треба да го стартува зимскиот редовен возен ред. Но, овој возен ред на ЈСП овој септември ќе остане запишан само на хартија и залудно ќе се покажува на дисплеите на автобуските станици, затоа што нема да може да  се спровее.

Причините се одавна познати, ЈСП нема доволно автобуси да го реализира возниот ред изгласан од Советот на Град Скопје уште во времето откако во Скопје пристигнаа кинеските и украинските автобуси и кога возниот парк на претпријатието беше во добра кондиција, со околу 350 автобуси во сообраќај.

Летово, на екстремно високи температури, граѓаните се изначекаа автобуси по станиците, а „сречниците“ кои ќе успееја да се качат во автобус, дополнително беа изложени на „варење“ во котлите наречени автобуси без клима.

На ЈСП му недостигаат 40-тина возила само за да го почитува летниот ред на возење, а од септември ќе биде уште полошо, затоа што за реализирање на зимскиот возен ред се потребни многу повеќе од 190 до 200 автобуси кои моментално на дневна основа се пуштаат во сообраќај.  Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, се пожали дека ќе недостигаат 100 возила.

Како ќе функционира градскиот превоз и како ќе стигаат граѓаните на работа и дома и учениците на училиште никој не знае, особено што приватните превозници со месеци во знак на протест што ЈСП и Град Скопје не им ги исплатиле парите за услугата што ја вршат. возат кога ќе им текне.

За маката да биде поголема, пред колапс е и такси превозот во Скопје. Сè помалку има легални таксисти, па за да повикате возило преку телефон од регистрираните такси компании, се чека и по еден час, најчесто залудно, само ќе добиете порака дека „ во моментов немаме слободни возила, обидете се повторно“. Граѓаните за да стигнат до своите работни мерста, училиште, факултет, или на преглед, се приморани да ги користат услугите на дивите таксисти кои си наплатуваат како ќе им текне и возат со небезбедни коли

Од Асоцијацијата на авто-такси превозници велат дека главен виновник за ситуацијата е Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи нема никаква контрола, ниту стратегија.

Стравување за успешен почеток на академската година изразија и од  Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите – ОДАС, кои од Град Скопје побараа до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава.

Судентите и средношколците од  ОДАС укажуваат дека „нефункционалниот и несигурен јавен превоз може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет“.

Можеби во духот на постигнатиот договор за соработка помеѓу советниците (пред се од ВМРО -ДПМНЕ) во Град Скопје, и градоначалничката (која дојде на функција како кандидат од истата партија) ќе се изнајде соломонско решение по теркот на „генијалните“ измислици од времето на предходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ со градот и државата, па ќе се реактивираат пајтоните и Липицанерите на поранешниот градоначелник Коце Трајановски. Ем еколошки, ем во духот на никогаш непрежаленото „Скопје 2014“.


Текстот е личен став на авторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Коце покроце, заборави дека потроши милиони евра на палми, жални врби и градски плажи со твоето „домаќинско“ работење?

Tags: Град Скопје. колапсЈСПпајтонитакси превоз
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ