• Latest

24 ЧАСА: Мицкоски само апелира за намалување на цените, владата нема да интервенира; оружјето за Украина мора да се искористи без ограничувања, порача Борел; Русија забрани влез на 92 државјани на САД

August 29, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мицкоски само апелира за намалување на цените, владата нема да интервенира; оружјето за Украина мора да се искористи без ограничувања, порача Борел; Русија забрани влез на 92 државјани на САД

August 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Зголемени малопродажните цени на домашниот пазар, додека владите во Црна Гора и Србија преземаат мерки за заштита на граѓаните, Мицкоски само апелира

Во јули 2024 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 3,5 проценти на годишно ниво.

Како мерка во борбата со високите цени и за подобрување на стандардот на граѓаните, Мицкоски се одлучи да упати апел до трговците максимално да ги намалат маржите на производите, но истовремено истакна дека Владата нема да интервенира во цените.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Борел: Оружјето што ѝ го даваме на Украина мора да биде искористено со целосен потенцијал

„Мораме да ги укинеме ограничувањата за употреба на оружје против руски воени цели, во согласност со меѓународното право. Оружјето што и го даваме на Украина мора да биде искористено до целосен потенцијал и да се укинат ограничувањата за да можат Украинците да ги нападнат местата од кои Русија ги бомбардира. Во спротивно, оружјето е бескорисно“, изјави Жозеп Борел пред денешната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

РЕГИОН

Мицкоски и од Хрватска продолжува со поплаки дека „други“ го кочат евроинтегративниот процес на земјава

Премиерот е во прва официјална посета на Хрватска на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ при што беа потпишани билатерални договори за соработка помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје. Мицкоски и во оваа прилика не пропушти да се пожали дека повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој пат [интеграцијата во ЕУ], за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема, рече Мицкоски на средбата со Пленковиќ.

СВЕТ

Русија забрани влез на 92 државјани на САД, меѓу кои и новинари на најголемите американски медиуми

Русија денеска забрани влез на нејзина територија на 92 американски државјани, вклучително и новинари од неколку големи медиуми, поради наводно ширење „лажни информации“ за руската армија која се бори во Украина.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Можеби во духот на постигнатиот договор за соработка помеѓу советниците (пред се од ВМРО -ДПМНЕ) во Град Скопје, и градоначалничката (која дојде на функција како кандидат од истата партија) ќе се изнајде соломонско решение по теркот на „генијалните“ измислици од времето на предходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ со градот и државата, па ќе се реактивираат пајтоните и Липицанерите на поранешниот градоначелник Коце Трајановски. Ем еколошки, ем во духот на никогаш непрежаленото „Скопје 2014“3, пишува Драган Мишев во „ЈСП и такси превозот во Скопје пред колапс: Ако не, па да ги вратиме пајтоните на Коце“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: владаДневникХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ