• Latest

ЦИВИЛ за соопштението на НДМ: Апсурдно, недолично и срамно!

February 7, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ за соопштението на НДМ: Апсурдно, недолично и срамно!

February 7, 2017 17:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) испрати соопштение до јавноста „Агентите на БНД во германската амбасада во Скопје тргнаа пријавени изборни неправилности“, презентирано и на прес-конференција во сабота на 4 февруари 2017 година, во кое се изнесени тешки клевети и невистини за ЦИВИЛ, а кое е искористено и за дрзок и непринципиелен напад врз Сојузна Република Германија.

Според денешното соопштение на ЦИВИЛ – Центар за слобода, „соопштението на НДМ е преполно со лаги и очигледни зли намери да се нападне, без никаква основа, една организација на граѓанското општество, каква што е ЦИВИЛ – Центар за слобода, а уште повеќе, Владата на една пријателска држава, која со децении толку многу ѝ помага на Република Македонија. Немаме други зборови, освен – апсурдно, недолично и срамно. Не можеме да го скриеме и нашето сожалување врз оние што можеле да смислат, напишат и соопштат вакви ставови.

„НДМ крши закони со речиси секој став во своето соопштение, со апсурдни измислици и клевети за кои се сомневаме дека имаат многу посериозна заднина, отколку само незрело и хистерично однесување на структура, која е исфрлена далеку на маргините од општествено-политичкиот живот во земјава“, пишува во соопштението на ЦИВИЛ.

Претседателот на НДМ Јанко Бачев на конференција организирана од ЦИВИЛ-Центар за слобода

„Имаме основа да веруваме дека овој испад на НДМ е злонамерен. Тие и самите велат дека ЦИВИЛ е ‘најголема и највлијателна’ организација, но потоа лажат дека имаат сознанија дека нашиот извештај бил проверуван од германските разузнавачки служби. Такви сознанија не можат да имаат, бидејќи такво нешто никогаш не се случило! Тоа добро го знаат и тие што го пишувале и тие што го презентираа ова бесмислено соопштение.

Никогаш не е побарано од ЦИВИЛ да даде било каков извештај наменет за јавноста, на увид кај донаторите. Се работи за демократски земји, во кои слободата на говорот се почитува… А ЦИВИЛ, добро знаат сите, никогаш не прави компромис со фактите на реалноста! Затоа, само на денот на гласањето, ЦИВИЛ беше во комуникација со повеќе илјади граѓанки и граѓани. Во текот на минатата година, нашата организација имаше директен контакт со десетици илјади граѓанки и граѓани, а на социјалните мрежи имаше опфат од над пет милиони импресии само во последните шест месеци. Со вакви испади во јавноста, НДМ нема да излезе од политичката канализација во која се наоѓа. Тоа може да го постигне само со непоколебливост, храброст, посветеност кон вистината и со работливост, карактеристики со кои се одликува ЦИВИЛ“, се вели во соопштението.

Според ссопштението на ЦИВИЛ, „НДМ, едноставно, не спомат во објавениот Извештај, бидејќи, имаше премногу вреден и значаен материјал да се објави во оваа публикација, а сè останато е објавено во други формати“.

„Но, токму оваа партија, без оглед на фактот колку е мала, а сега докажува дека е и безначајна, ЦИВИЛ редовно ја покануваше на јавните настани и им отстапуваше простор да ги искажат своите ставови, со што го манифестиравме искрениот пристап и принципот на рамноправност кој го застапуваме. Тоа може да се провери на онлајн каналите на ЦИВИЛ, како на веб страниците, така и на видео каналот ЦИВИЛ Македонија. Да не се однесува на толку сериозна тема и да не беше нападната Влада на пријателска држава, со дрски лаги и конструкции, веројатно ќе го игнориравме НДМ или нашата реакција ќе се сведеше на подбивни шеги и констатација дека нешто сигурно не е в ред со луѓето, кои имаат вакви параноични конструкции во своите глави“, пишува во соопштението.

ЦИВИЛ го повикува НДМ веднаш да се извини и да го повлече своето соопштение.

„Воедно, ЦИВИЛ ќе иницира соодветни постапки пред истражните, безбедносните, правосудните и други релевантни институции, да ги земат предвид лажните наводи на оваа партија против нас и против германската Влада и да постапат според законите. НДМ е должна да ѝ објасни на јавноста, но и на институциите, дали, кој и со каква цел, нарачал вакво непресметливо четиво од нив, или е плод само на нивната фантазија, со која очигледно имаат проблем“, соопштува ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Tags: избори 2016извештајНародно движење за Македонијанепресметливо четивоПубликацијасоопштениеСР ГерманијаЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ