• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Дипломатска хаварија на ДПМНЕ: Радев – Сиљановска 2:0

September 16, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дипломатска хаварија на ДПМНЕ: Радев – Сиљановска 2:0

September 16, 2024 10:02
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Претседателката на нашата земја, Гордана Сиљановска Давкова, иако конечно ја напиушти вилата во Охрид каде го помина целиот „летен распуст“, во мислите се уште е на охридското крајбрежје, каде во дебела ладовина, заедно со својот верен придружник, советниокот Горан Момировски, ги ситнеше претседателските денови далеку од скопската жега.

А можеби ќе беше многу подобро да останеше таму. Секое излегуваење на претседателката, било официјално, полу официјално, или неофицијално, а последново секако нејасно, откако бугарскиот медиум Новините пренесе дека била „организирана приватна средба со Радев, заедно со заедничка посета на операта“, бугарското претседателство се огради од посетата, а а самиот претседател Радев на Фејсбук појасни дека никогаш не ги откажува средбите со странските претседатели кои доаѓаат во посета, сугерирајќи како Сиљановска самата да се поканила.

Можеби нај пластичното објаснување на средбата доаѓа од поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, кој посетата ја дефинира како импровизација во меѓународните односи.

„Бидејќи се покани со намера да покаже дека работи „културна дипломатија“, односно дека прави нешто во однос на добрососедските односи, беше пречекана како приватно лице кое дошло на кафе во кабинетот на Радев, па домаќините со право процениле дека не треба да се однесуваат кон неа како државник од друга земја и да го засадуваат знамето на таа земја“, напиша Спасов на Фејсбук.

Како и да се земе, ова претставува невидено понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани, особено на оние кои се почувствуваа горди да ја гласаат „Гордана за горда Македонија“. За каква гордост зборуваме тука, ви се молам, кога претседателката на нашата држава оди во посета кај својот колега во друга држава без истакнато знаме ( а богами ни име) како основни обележја на својата. И токму тоа, за прв пат во македонската историја го стори „најпатриотската претседателка“ ( со цела паттриотска свита) кај источниот сосед со кој, кога се задскриени зад тастатура, преку социјалните мрежи со невидена храброст жестоко спорат, а на терен предат како мачиња.

И безпредметни се сега пост фестум обидите од нејзиниот кабинет да го дезавуираат скандалот со  дилетантски соопшенија, а особено небулозното соопштение од ВМРО ДПМНЕ, кое доколку го читате, ќе добиете впечаток дака се уште во опозиција, а не на власт.

Да биде скандалот уште поголем, на средбата присуствуваше и голема патриотска свита околу претседателка, во која покрај неизбежниот советник Момировски, беа и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, како  и министерот за култура Зоран Љутков.

Токму овој вториов удри „културолошки“ печат на скандалозната посета, откако од средбата со неговиот бугарски колега, за која тој изрази особено задоволство, беа објавени фотографии на кои може да се забележи дека и тој бил пречекан без македонското знаме, и на нив, во позадината на двајцата министри, се гледа дека повторно е изоставено македонското знаме, а ги има само бугарското и она на ЕУ.

Не се сомневаме дека Љутков чувствувал особено задоволство од средбата, без разлика што беше претставен како министер на држава без знаме, сепак преовладало, според неговите зборови „позитивното искуство“ од соработата со бугарската страна, кое тој несомненео го има , имајќи предвид дека поседува и стан во Бугарија, па може дури и да се чувствувал како дома, и затоа не забележал дека го нема знамето на држават чиј министер е.

Радев : Силјановска Давкова 2:0

За жал, ова не е прв „излет во празно“ на претседателката, во кој како „контерпарт“ се појавува бугарскиот претседател Румен Радев. При контроверзноте кирилмедотиевското чествување во Светата столица во Рим, Сиљановска, како континуитет на неизговорањето на уставното име на државата при нејзината заклетва како новоизбрана претседателка, предизвика уште еден скандал со положувањето венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, со лента на која наместо името на државата, стоеше само „претседателка Гордана Сиљановска Давкова, небаре дошла во приватна посета, ама на државен трошок. Претседателката потоа  понуди крајно иритирачко образложение дека за името на државата немало доволно место бидејќи била кратка лентата.

Истовремено, за разлика од нејзиниот „горд и патриотски чин“ на лентата на венецот ѓто го положи бугарскиот претседател Румен радев , која беше во боите на бугарското знаме беше испишано „Претседател на Република Бугарија Румен Радев.

И додека дома, пред симпатизерите, членовите и гласачите, ВМРО ДПМНЕ  на сите дека не прифаќаат прговори и договори под „ бугарски диктат“, реалноста е сосема поинаква и сурова спрема очекувањата кои ги наметна новата влада во предизборието, и сосема спротивно на нив, токму под „бугарски диктат“се одвива игранката која ја започна сегашниов премиер, а тогашен опозиционер Христијан Мицкоски кога како попче му реферираше на Бојко Борисов на чист бугарски јазик „ште подкрепим“ потпишаниот договор со Бугарија, откако овој од пред рака му ја зема чашата со вода.

И еве, премиерот, претседателката и ВМРО-ДПМНЕ сê уште „подкрепват“ лажните ветување пеејќи си ја „Заветна“


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаВМРО - ДПМНЕГордана Сиљановска ДавковаЗоран Љутковмакедонско знамеРумен РадевСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result