• Latest
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го претстави Планот за победа во Врховната Рада, Кијив, 16 октомври 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украинската амбасадорка Дир го објави Планот за Победа на Претседателот Зеленски: Мир преку сила – украинското искуство ќе ја гарантира безбедноста во Европа

October 16, 2024
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украинската амбасадорка Дир го објави Планот за Победа на Претседателот Зеленски: Мир преку сила – украинското искуство ќе ја гарантира безбедноста во Европа

October 16, 2024 20:50
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го претстави Планот за победа во Врховната Рада, Кијив, 16 октомври 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го претстави Планот за победа во Врховната Рада, Кијив, 16 октомври 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската амбасадорка Лариса Дир денеска го објави Планот за Победа на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на македонски јазик. Објавата на Планот за Победа ја пренесуваме во целост.

Ден 966. Денес, Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го претстави Планот за Победа за Украина во Врховната Рада на Украина: pic.twitter.com/ewDK02CUBC

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 16, 2024

  1. Ден 966. Денес, Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го претстави Планот за Победа за Украина во Врховната Рада на Украина:

Прво е покана за НАТО.

Ние сме демократска нација која докажа дека може да го брани евроатлантскиот и нашиот заеднички начин на живот – другите демократски народи.

Русија со децении ја користи геополитичката неизвесност во Европа, поточно фактот дека Украина не е членка на НАТО.

Токму тоа ја искушуваше Русија да посегне по нашата безбедност.

Сега фактот за покана на Украина во НАТО може да стане навистина фундаментален за мирот.

  1. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги дефинираше клучните насоки за спроведување на точка 2 од Планот за Победа на Украина:

– успешно продолжување на операциите на Силите за одбрана и безбедност на Украина во одредени реони на непријателска територија со цел да се спречат тампон зони на нашата земја;

– неповратно зајакнување на позициите на Силите за одбрана и безбедност на Украина и уништување на офанзивниот потенцијал на Русија на окупираната територија на Украина;

– помош на партнерите во екипирањето на резервните бригади за Вооружените Сили на Украина;

– доведување на противвоздушната одбрана на Украина на ниво што е доволно за заштита на нашите градови и села од руски ракети и дронови, и заеднички одбранбени операции со нашите соседи во Европа за соборување на руски ракети и дронови во граници на воздушниот штит на партнерите;

– проширување на операциите со користење на нашите украински ракети и дронови, како и инвестиции во проширување на нивното производство во Украина;

– отстранување од страна на партнерите на ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел на целата територија на Украина окупирана од Русија и на територијата на Русија врз објекти од воена инфраструктура и обезбедување на Украина со соодветни ракети со долг дострел, дронови и други средства за уништување;

– обезбедување на Украина со сателитски податоци во реално време и податоци добиени со други разузнавачки средства.

  1. Третата точка од Планот за Победа на Украина – одвраќање:

Руското раководство дејствува агресивно само кога е убедено дека нема да добие соодветен деструктивен одговор.

Кога Русија знае дека ќе има одговор и разбира каков ќе биде тој одговор, тие избираат преговори и стабилен соживот дури и со стратешки противници.

Благодарение на ова, можно е одвраќање на Русија од агресија во однос на Украина и цела Европа.

Односно, пакетот на одвраќање е фактот дека Русија или оди кон дипломатија, или оди … кон губење на својата воена машина.

Мир преку сила.

Peace through strength.

Работи подеднакво резултативно на двете страни на Атлантикот. И оваа точка може да се обезбеди, вклучително, со финансирање во рамки на веќе склучени договори за безбедност со партнери и дефиниран обем на финансиска поддршка.

  1. Четвртата точка од Планот за Победа на Украина – стратешки економски потенцијал:

Во Украина се концентрирани природните ресурси, а особено критичните метали во вредност од трилиони американски долари. Тие вклучуваат, меѓу другото, ураниум, титаниум, литиум, графит и други стратешки вредни ресурси кои ќе ги зајакнат во глобалната конкуренција или Русија и нејзините сојузници, или Украина и демократскиот свет.

Депозитите на критичните ресурси во Украина, заедно со глобално важниот потенцијал на Украина во производството на енергија и храна, се меѓу клучните агресорски цели на Русија во војната.

  1. Претседателот на Украина Володимир Зеленски истакна дека точката 5 од Планот за Победа на Украина е дизајнирана за повоениот период:

По оваа војна, Украина ќе има еден од најискусните и најголемите воени контингенти. Тоа се луѓе – наши војници, кои ќе имаат вистинско искуство од модерно војување, успешно искуство во користење на западно оружје и сестрано искуство во соработка со војската на НАТО.

Ова украинско искуство треба да се искористи за зајакнување на одбраната на Алијансата и гарантирање на безбедноста во Европа.

Ова е достојна мисија за нашите херои.

Во случај на согласност од страна на партнерите, предвидуваме замена на одредени воени контингенти на американските вооружени сили стационирани во Европа со украински единици. По војната.

Tags: Володимир ЗеленскиНАТОплан за победаруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ