• Latest

„Мировна акција“ повикува на „10 дена Мировна република“

February 13, 2017

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Мировна акција“ повикува на „10 дена Мировна република“

February 13, 2017 17:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Невладината организација „Мировна акција“ од Прилеп и Тетово објави повик за пријави за „Тренинг за изградба на мир“ што ќе се одржи од 15-ти до 25-ти март 2017 година, во хотелот „Монтана” во Крушево.

„Ова е седми по ред основен тренинг во организација на ‘Мировна акција’. Го организираме 16 години по 2001-та година. Година ипол, по настаните од мај 2015-та година во Куманово, и во услови на долготрајна криза која има свои политички, социјални, но и етнички димензии“, соопштуваат од „Мировна акција“.

Сите кои имаат потреба и мотивација да делуваат во своите средини и да работат на изградба на мирот во Република Македонија, без разлика на нивната професионална определба, може да аплицираат за учество на тренингот, до 5 март 2017 година, на е-мејл: treninzi@mirovnaakcija.org.

Оттаму велат дека се работи за базична програма на мировно образование која трае од 2010 година, наменета за лица од целата држава кои имаат интерес да работат врз себе, и да ја препознаат и зајакнат својата улога во општеството, а особено, во процесите на изградба на мир.

Тренингот за изградба на мир нуди:

  • Развивање на сензибилност за различните форми на насилство и дискриминација
  • Развивање на сензибилност за механизмите и динамиката на настанувањето на конфликти
  • Отворање на прашањата поврзани со соочување со минатото, личните искуства, доминантните наративи и размисли како понатаму
  • Културна размена меѓу лица од  „конфликтните подрачја“ и запознавање на „другиот/та“
  • Промисла за личната улога во општествената промена, инспирација и можни идеи за тоа како може да се делува во нашето општество

Темите кои се обработуваат на тренингот се насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, идентитет и национален идентитет, дискриминација и друго.

Програмата на тренингот е отворена и флексибилна, направена да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките, така што одредени теми може и да не бидат обработени, за сметка на други кои може да се покажат како повеќе потребни.

Тренери ќе бидат Фланза Јусуфи („Мировна Акција“, Тетово), Горан Талевска и Боро Китаноски („Мировна Акција“, Прилеп) и Албулена Карага (Кичево/Скопје).

 

Tags: 10 дена Мировна републикаКичевоКрушевоМировна акцијаповикПрилепСКОПЈЕТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ