• Latest

Исти образложенија, различни адреси!

February 17, 2017
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Исти образложенија, различни адреси!

February 17, 2017 17:54
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура испрати одговор до сите македонски автори одбиени на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на издавачката дејност. Особено е интересно што сите автори го добиле истото образложение за одбивањето?!

„СЕ ОДБИВА, бидејќи проектот не е аргументиран и елабориран соодветно и стручната Комисија не може да го оцени проектот од аспект на промовирање и афирмирирање на особени достигнувања и вредности во културата, согласно со наведените параметри во пријавата која е составен дел од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на издавачката дејност за 2017 година“, стои во одговор од Министерството, што важи за сите одбиени македонски автори.

За ваквиот одговор на Министерството за култура, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ненад Стевовиќ од издавачката куќа ИЛИ – ИЛИ.

„Добивме образложение за сите одбиени автори. Фактички, одбиени се сите домашни автори со кои што конкуриравме. Се работи за еднообразен одговор за сите, дека во нашата апликација не е добро образложено зошто тие дела се од национален интерес, па според тоа, нивната стручна комисија не можела да донесе одлука“, вели Стевовиќ во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Тој смета дека ваквиот одговор е навистина смешен.

„Излегува дека ние од ИЛИ – ИЛИ, еве првпат оваа година, не сме способни да направиме апликација со добри образложенија за ниту еден наш автор, а се работи за потврдени автори, со нивните претходни дела кои освоиле награди ‘Роман на годината’, или биле финалисти за таа награда, или пак, освоиле некои други награди. Не знам начин да најдам разбирање за да ги оправдам овие нивни одлуки“, вели Стевовиќ.

Иако во одговорот стои дека кандидатите имаат право на жалба во рок од 15 дена, Стевовиќ вели дека немаат намера да се жалат.

„Ние решивме да не поднесуваме жалба, бидејќи се работи за една толку очевидна и тенденциозна одлука против нашата издавачка куќа, а со тоа и против авторите со кои што конкуриравме. Сметам дека со жалбата само би дале легитимитет на една толку тенденциозна, цинична и вулгарна работа во однос на ИЛИ – ИЛИ“, завршува Стевовиќ.

„Семејството на ИЛИ – ИЛИ не се само Ненад Стевовиќ и Игор Анѓелков, тука се и сите наши соработници, нашите автори, тука се и нашите читатели. Големо е тоа семејство. Не ни можете ништо!“, стои во соопштението објавено на Фејсбук страната на издавачката куќа.

Под ова соопштение се јави и уште еден одбиен издавач што го добил истиот одговор од Министерството. 

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Tags: годишен конкурседнообразни одговорииздаваштвокритериумиМинистерство за клутураодбиени автори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ