• Latest
Адмир Лисица на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски за ЦИВИЛ)

Адмир Лисица за изјавите на Милорад Додик во српското издание на Раша Тудеј: Тој е далеку, далеку од реалноста – ако се остварат неговите планови, ќе има војна

January 19, 2025

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Адмир Лисица за изјавите на Милорад Додик во српското издание на Раша Тудеј: Тој е далеку, далеку од реалноста – ако се остварат неговите планови, ќе има војна

January 19, 2025 15:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН, ТОП 5
Адмир Лисица на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски за ЦИВИЛ)

Адмир Лисица на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски за ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на изјавите на Милорад Додик, меѓу кои и онаа за српското издание на Раша Тудеј во Белград, директорот на Центарот за геополитички истражувања во Сараево, Адмир Лисица, во разговор за ЦивилМедиа изјави дека тоа се вообичаени популистички изјави.

Во интервју за балканскиот огранок на руската пропагандна телевизија Russia Today (RT Balkan), чие седиште е во Белград, Додик, изразувајќи ја, по којзнае кој пат, својата слепа лојалност кон Владимир Путин, ја искористи можноста да го отвори прашањето за границите на европско тло и повторно ја промовира својата стара идеја за одвојување на РС од БиХ и обединување со Србија, како што пренесе ЦивилМедиа на 17 јануари.

Ако можат Гренланд и Канада, ако можат Источна и Западна Германија, зошто РС не може сега да ѝ се придружи на Србија“, изјави Додик, додавајќи дека Русија има право и на Украина, во белградското студио на руската пропагандна ТВ станица РТ за која, инаку, постои забрана за емитување во демократскиот дел од светот.

Според Адмир Лисица, Додик се надева на поддршката од Виктор Орбан и другите радикални десничари низ Европа.

„Додик смета на поддршката од тврдокорната линија на Орбан кој, едноставно, стана синоним за десничарите во Европа. Се разбира, тој се надева и на подем на десницата во Европа. Тој и во изминатиот период испраќаше пораки со поддршка до радикалите ширум Европа“, изјави Лисица во ексклузивното јавување за ЦивилМедиа.

Според нашиот соговорник, Додик отворено ја радикализира својата позиција која се граничи со фашизам.

„Додик и неговата партија се отворено радикално десничарски и се граничат со фашизам. Тоа не е проблем само за Босна и Херцеговина, туку и за целиот Западен Балкан“, изјави експертот за геополитика.

Лисица ги открива надежите на Додик и во пресрет на враќањето на Доналд Трамп на чело на САД.

„Тој потајно очекува дека токму Трамп ќе биде тој што ќе му овозможи да успее во тоа што го прави овие години. Тој многу внимателно следи сѐ што се случува со и околу Трамп. Тој вложи и големи пари во контекст на лобирање, во надеж дека ќе се искачи на листата на приоритетите со сепаратистичките тенденции на Република Српска“, открива Лисица во разговорот за ЦивилМедиа.

Според извори на ЦивилМедиа во БиХ, Додик и неговите соработници досега потрошиле милионски суми во евра и долари за лобирање за поддршка од радикалните десничарски кругови на двете страни од Атлантикот, САД и Европа, вклучително и кај Доналд Трамп.

Логично беше прашањето за тоа колку се реални надежите и плановите на Додик за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина. Според Адмир Лисица, тоа не се реалистични планови.

„Тој е далеку, далеку од реалноста. Но секако треба да биде аларм за ЕУ, НАТО и САД кои, ако се вистински пријатели на БиХ, треба овој сепаратист и сецесионист, Милорад Додик, кој е и отворен руски играч, да го изолираат и да го тргнат од политичката сцена. Тоа е единствениот начин да се зачува мирот и стабилноста“, препорачува Лисица.

Соговорникот на ЦивилМедиа, кој остана запаметен и по неговото учество на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ што се одржа минатиот декември во Скопје, не ги крие ниту мрачните прогнози за тоа што може да се случи ако плановите на Додик се реализираат.

„Верувајте, доколку настанат проблеми во БиХ, тоа ќе го почувствуваат и сите останати земји во регионот на Западен Балкан. БиХ не може да се распадне на мирен начин. Секој обид на Додик може да ескалира и да предизвика војна во Босна и Херцеговина“, прогнозира Лисица.

На оваа тема за ЦивилМедиа говореше и претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, кој, меѓу другото, изјави дека „политичката кариера на Додик е пред крај“ и дека овој радикален политичар „не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот“.

Џабир Дерала

Tags: Адмир ЛисицаВиктор ОрбанВладимир ПутинДоналд ТрампМилорад ДодикЏелал Хоџиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ