• Latest

Ин а УГУРАција: Од каде и во какво друштво Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Трамп

January 21, 2025
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БРЗА ПОШТА

Ин а УГУРАција: Од каде и во какво друштво Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Трамп

January 21, 2025 11:31
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се испофали дека заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, ја следеле инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп… од ложа.

Но, од каде и во кое друштво премиерот Мицкоски со свитата министри, секретари, подсекретари (допрва ќе се утврдува кој сé патувал во Вашингтон) ја следеа инаугурацијата на Трамп, за која во домашните медиуми се говореше дека добил покана од Трамп.

Всушност, Мицкоски, најверојатнo најмногу што можел да добие за парите што ги платаил на ПР агенцијата која го поканила, било место во ложата во Капитал Оне Арена, каде беа собрани поддржувачите на Трамп за да го следат преносот од инаугурацијата на големите екрани во арената.

Capital One Arena е затворена арена во Вашингтон, D.C. Сместена во делот на кинескиот град на поголемиот Пен кварт, арената се наоѓа на врвот на брзата транзитна станица Gallery Place на метрото Вашингтон.

Арената е во сопственост и управувана од Monumental Sports & Entertainment, тој е домашна арена на Вашингтон Капиталс на Националната хокеарска лига (НХЛ), Вашингтон Визардс од Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и машкиот кошаркарски тим на Универзитетот Џорџтаун. Исто така беше дом на Вашингтон Мистикс на Женската национална кошаркарска асоцијација (ВНБА)

До Капитол Хил, каде што Трамп ја положи заклетвата како 47 претседател на САД е оддалечена 1, 6 километри, со одење пешки, доколку не ве болат колената, може да стигнете за 20 минути. Со автомобил се стигнува за 5 минути, ако не е блокирано поради инаугурацијата, или не заглавите во сообраќаен метеж предизвикан од возила на приврзаниците на Трамп. Но сето тоа под услов да имате покана за да присуствувате на инаугурацијата во Каптол Хил. Ако немате, како Мицкоски, ќе си гледате на видео бим во Капитал Оне Арена.

Значи нашиот премиер, и министерот за надворешни, не ја следеа инаугурацијата во друштво на светски лидери, и видни личности, туку заедно со најтврдокорните поддржувачи на Tрамп (види фото).

Всушност, од европските лидери само италијанската премиерка Џорџа Мелони присуствуваше на инаугурацијата со покана.

Ништо подобро не поминаа ниту останатите „туристички патници“ во Вашингтон, кои се сликаа пред тезга која продава трговски стоки со логото на Трамп, а инаугурацијата ја следеа во банкет сала.

Изгледа дека сепак, најголем дострел на патувањето имаше токму премиерот, кој се пофали на Фејсбук дека се фотографирал со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Маган Кели.

Во меѓувреме, провладините новинари и медиуми пуштени на најјако да ја прикажат како колосален дипломатски успех владината апсолвентска екскурзија во Вашингтон со државни пари.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Арбен ТаравариВашингтонинаугурација на ТрампСАДХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ