• Latest

24 ЧАСА: Судар на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон; Пристигна дел од терапијата што недостасуваше за болните од рак; Опасни игри на Балканот

January 30, 2025

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Судар на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон; Пристигна дел од терапијата што недостасуваше за болните од рак; Опасни игри на Балканот

January 30, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се судрија патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, спасувачите ја пребаруваат реката по преживеани

Во тек е масовна операција во потрага по преживеани откако патнички авион со 64 лица се судрил со хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган во околината на Вашингтон, соопштија претставници на воздухопловството и одбраната

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Таравари: Пристигна дел од терапијата што недостасуваше на клиникатa за радиотерапија и онкологија

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи дека утре се очекуваат уште неколку лека, а в понеделник други. Според министерот, практично ги имаат сите потребни лекови.

– Првпат се случува за наше време, 10 дена да нема терапија. Меѓутоа, да не заборавиме, 95 проценти од пациентите се третираат и имаат терапија, недостасуваше за пет отсто. И да не заборавиме оваа набавка што ние сега ја користиме, не сме ја направиле ние, туку е направена од пред нас, меѓутоа тоа е неважно за пациентите. Битно за пациентите е тие да имаат терапија. Се работи за околу 20, 30 пациенти, меѓутоа и еден пациент да е – многу е. И затоа даваме максимални напори од идната недела сите да бидат третирани, одговори тој на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.

РЕГИОН

Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад

Студентите од белградските факултети тргнаа на протестен марш кон Нови Сад околу 10:30 часот со цел да им дадат поддршка на своите новосадски колеги кои на 1 февруари, кога се навршуваат три месеци од несреќата на железничката станица во тој град, најавија блокада на сите градски мостови.

СВЕТ

(ВИДЕО) Четворица загинати, девет повредени во удар на руски дрон врз станбена зграда во Суми

Руско ударно беспилотно летало „Шахед“ удри во висока станбена зграда во Суми во текот на ноќта, при што загинаа четири лица, а  девет други беа повредени, меѓу кои и едно дете, соопшти регионалната воена управа на Суми на Телеграм,

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку сте задоволни од здравствените услуги?

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Србија може (и треба) да се посматра во три контексти: соочување со минатото, хегемонизам, и усогласеност со руските интереси и воинствени стратегии за Балканот. Тие контексти се меѓусебно зависни и усогласени, и секако се далеку покомплексни отколку што тоа може да се открие во една кратка анализа, но важно е да бидат споделени и во ваков, да го наречеме, телеграфски формат, за да послужат како потсетник и вовед во пообемни истражувања и анализи, пишува Џабир Дерала во најновата анализа „ОПАСНИ ИГРИ НА БАЛКАНОТ: Национализам, хегемонизам и руски врски“

Д. Мишев

 

Tags: анализиВестиизјавирегионСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ