Вчера, во Саудиска Арабија, на преговарачка маса седнаа претставниците на САД и Русија, да договорат крај на војната во Украина, која започна пред речиси 3 години, со целосна воена инвазија на Русија врз Украина. На преговорите не беа повикани Украина и ЕУ.
ЦИВИЛ Медиа ја следи темата и на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за преговорите помеѓу САД и Русија без учество на Украина и ЕУ?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека дел од нив сги поддржуваат преговорите меѓу САД и Русија, некои прават споредби со нашата ситуација со Бугарија, некои со случувањата при распадот на Југосавија, други дека ЕУ и Украина добиле што заслужиле, а има и такви кои во коментарите се служат со говор на омраза и непристоен вокабулар.
Од пристигнатите коментари ги издвојуваме следните :
•Големите риби ги јадат малите риби и што не е јасно
•Па исто е кога Бугарите ќе кажат дека не постоиме,без некој да не праша нас
•МОЖЕ И УКРАИНА БЕЗ ЗЕЛЕНСЌИ
•Очигледно ниту Украина ниту ЕУ не се важни партнери за да ги викнат на маса. За жал, на Украина и беше дадена лажна надеж дека западните сојузници ќе бидат покрај неа но изгледа времето за поддршка истече. А ЕУ поради сопствените глупости, веќе никаде нема ни да ја викаат. Време за отрезнување.
•Договор на големите играчи
•А како беше со земјите на бивша Ју? Договорите беа постигнати некаде на друго место. На малите државички им беа понудени како “најдобра”опција по принципот земи или остави. А ако одбиеш…
•Па кој друг да се договара.. Тие ја започнаа…тие треба да ја завршат
•Tоа исто како мицко и неговите мачиња, што преговараат за застава, грбот и химната без одобрение на македонскиот народ