• Latest

Писмо од сиромашните братучеди: „Драга тетка Европа…“

March 14, 2017

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Писмо од сиромашните братучеди: „Драга тетка Европа…“

March 14, 2017 17:48
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Погледнете нé сега: Србија се претвори во насилник повторно, Косово, кое е едвај старо девет години, е уморено од играчки и бара вистински тенкови и оружје, Босна се распарчува однатре, Црна Гора мисли дека е на врвот на светот, Македонија има самоубиствени тенденции, Албанија само седи во ќошот по цел ден, тажнеејќи. Хаос е“, пишува белградскиот новинар Дејан Анастасиевиќ во текстот „Писмо до Европската унија од Западниот Балкан“ објавен вчера на „Балкан Инсајт“, што интегрално го пренесуваме.

„Драга тетка Европа,

Ви пишувам во име на вашите сиромашни братучеди од Западниот Балкан: Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија… Знаете, ние, непосакуваните.

Помина долго време, треба да зборуваме.

Пред четиринаесет години во Солун, нам ни беше ветено дека еден ден, не многу далеку во иднината, на сите ќе ни биде дозволено да се преселиме во вашата голема куќа во Брисел и ќе седиме како еднакви на вашата маса.

Сé што требаше да направиме, како што рековте, беше да си го поправиме однесувањето, да бидеме фини со вас и кон себеси, да научиме убави манири, за да не ве посрамотиме пред гостите.

И ние се обидовме. Навистина се обидовме, Престанавме да се караме, ги одржувавме нашите соби чисти колку што можевме, бевме фини со соседите. Дури и ги делевме играчките и останатите работи некогаш, иако навистина не сакавме, само за да докажеме дека можеме да бидеме добри.

Но, наградата никогаш не дојде, Една деценија по Солун, Хрватска – единствената која ја доби поканата, откако замина, веднаш ги прекина сите врски со нас. Сега оди наоколу и се преправа дека е „Јужно-Централна Европско Медитеранска“ по потекло а зборот „Балкан“ никогаш не го изустува.

Откако ние сфативме дека вие, всушност, не сакате да ви се придружиме, полека почнавме да се опуштаме. Вие тоа изгледа не го забележавте.

Не ме разбирајте погрешно, знам дека вие имавте и сé уште имате ваши проблеми со финансиската криза и мигрантската криза, терористичката криза, а и Британците отпловија на отворено море. Ние сакавме да дојдеме и да понудиме помош, но вие нé држевте на дистанца.

Затоа, ние се преправавме дека се реформираме, а вие се преправатме дека вашата покана е сé уште присутна. Вака стојат работите веќе некое време.

Евентуално, и вие и ние, станавме уморни од преправање. Вие рековте дека нема да има повеќе примања во Европската унија до 2020 година, тогаш почнавте да зборувате за 2025.

Ја добивме пораката. Се откажавте од нас, затоа ние се откажавме од вас. И од нас. Ние „релапсиравме“.

Погледнете нé сега; Србија се претвори во насилник повторно, Косово, кое е едвај старо девет години, е уморено од играчки и бара вистински тенкови и оружје, Босна се распарчува однатре, Црна Гора мисли дека е на врвот на светот, Македонија има самоубиствени тенденции, Албанија само седи во ќошот по цел ден, тажнеејќи.

Хаос е.

Исто така, почнавме да си играме со лошите деца, како Влад и Реџеп и Абу Бакар, и со новиот портокалов и разгален Дони. Вие нé предупредивте да внимаваме на нив, да се држиме настрана, но со вашето неприсуство, нам ни требаа пријатели. Можеби тие не се дотолку лоши, како што вие велите.

И така, ние конечно го добивме вашето внимание. Слушнавме дека има голема фамилијарна вечера во Брисел минатата недела, и ние бевме меѓу главните теми на тој муабет. Секако, ние не бевме поканети. Ние никогаш не сме поканети.

Но ние ја добивме пораката – „одлуката“ како што вие ја нарекувате – од настанот. Вие забележавте дека сме немирни и нестабилни. Вие рековте дека сте загрижени. И го препишувате сето тоа на „надворешни влијанија“. Навистина? Како да сме, всушност, добри деца кои случајно паднале во лошо друштво. Тоа е понижувачки.

Е па, дозволете ми да ви кажам: Не сме добри, не повеќе и можеби никогаш не ни бевме. Се обидовме некое време и навистина не работеше. Исто така, ние сме совршено способни да создадеме хаос и самите, како што веќе сте свесни досега.

Исто така, рековте, во истата порака, сé уште сте посветени на она старо солунско ветување. Извинете, но тоа повеќе не поминува.

Ние сé уште ве сакаме, и сакаме да бидеме внатре. Но, вие демонстриравте, пак и пак, дека единствениот начин да го добиеме вашето внимание е само кога сме неподносливи колку што можеме. А ние штотуку започнавме.

Немојте да речете дека не бевте предупредени.

Искрено ваши,

Западен Балкан“.

Tags: АлбанијаЕвропска УнијаЗападен БалканКосовоМакедонијаписмоСрбијаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ