Висок претставник на ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа, пренесува Би-би-си.
Ова следи по извештаите во израелските медиуми дека премиерот Бенјамин Нетанјаху се залага за целосна реокупација на Појасот
Многу од сојузниците на Израел би биле против таков потег додека се залагаат за крај на војната, но, кога беше прашан, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека е „фокусиран“ на дистрибуцијата на храна во Газа, додека прашањето за повторното окупирање на Појасот од страна на Израел „во голема мера ќе зависи од Израел“.
Безбедносниот кабинет на Израел треба да се состане во четврток и ќе треба да одобри каква било таква акција
Началникот на армијата на земјата и други воени лидери наводно се спротивставуваат на стратегијата, а некои семејства на заложници стравуваат дека тоа би можело дополнително да ги загрози нивните најблиски
Израелската влада не им дозволува на меѓународните новински организации, вклучително и на Би-Би-Си, да влегуваат во Газа слободно да известуваат