• Latest
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025 15:00
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на денешниот избор на Цвета Ристовска за заменик претседател Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), да се потсетиме која беше Цвета Ристовска пред да стане дел од антикорупциската комисија.

Како што пишува Драган Мишев во текстот „ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ: Инкриминирана диплома на Бојан Христовски, факултетот за туризам „Скопје“ и мистериозната смрт на деканот Кожухаров, Антикорупциска и Цвета Ристовска“, еден од двата главни актера кои се најдоа во средиштето на „аферата“ за наводните фалсификувани сертификати и дипломи на директорот на АНБ, Бојан Христовски, која ја бранува јавноста последниве денови околу ова прашење е членката на ДКСК, Цвета Ристовска, и можниот за судир на интереси за предметот кој  водеше за дипломите на директорот на АНБ, Христовски, издадени од универзитетот каде буквално „до вчера“, 25 декември, 2024 година, во списокот на наставен кадар фигурираше споменатата членка на ДКСК, покрај Сашо Кожухаров, поранешен декан на истата образовна инсттуција, чија мистериозната смрт ја истражува ЈО, и чиј потпис стои на инкриминираната диплома на Христовски.

На 25 декенври лани, Приватниот Универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент ја отстрани од списокот на наставниот кадар сликата на Цвета Ристовска која од ДКСК беше назначена да го води предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде дел беше и претставка за факултетската диплома на Христовска добиена од овој  универзитет во време кога дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска.

Откако Телма испрати прашање до ДКСК за можен судир на интереси на Ристовска во предметот, Комисијата ги одмолча прашањата произлезени од информациите објавени на веб сајтот на ДКСК и на Универзитетот за менаџмент и туризам. Но, потоа прати демант во кој тврдеше дека нема никаков судир на интереси без да објасни од каде им е таков заклучок и кој, како и кога ја спровел законската процедура за проверка на судир на интереси за Цвета Ристовска.

ДКСК тврдеше дека имале техничка грешка на нивниот сајт, каде до вчера во биографијата на Ристовска стоеше дека е ангажирана како наставен кадар на приватниот Универзитет. Нејзината слика стоеше и на страната на Универзитететот повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Беше избришана дури вчера, откако ДКСК испрати допис до медиумите насловен Демант, во кој стои дека „тоа што на веб страната на ДКСК во делот на нејзината биографија стои дека магистерските студии се тековни, е техничка грешка“ и ја обвини ТВ Телма дека не им се јавиле да проверат дали податоците од двете веб страници се грешни.

Сепак, во официјалната биографија на Ристовска, која во пдф формат беше поставена на вебстраната на ДКСК, на страна 2 во делот „Образование и обука“ стои дека од 28.04.2011-тековно е магистер по економски науки на Универзитет за туризам и менаџмент. Во сегментот „Публикации, Презентации, Проекти, Семинари, Конференции“ во биографијата, на страна 6 стои „Спроведување настава од наставен предмет – ревизија, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, 2012 година-тековно“.

Во април, Универзитетот преку својата официјална инстаграм страна и го честиташе роденденот на колешката М-р Цвета Ристовска.

Предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски ја вклучува и претставката за неговата факултетска диплома, добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска. Токму нејзе ѝ бил доделен предметот за Христовски, во кој по анонимна претставка беше оспорена и факултетската диплома на Универзитетот „Скопје“. Таа на седницата на Антикорупциска рече дека случајот е чист според известувањето на Просветниот инспекторат.


Текстот „ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ: Инкриминирана диплома на Бојан Христовски, факултетот за туризам „Скопје“ и мистериозната смрт на деканот Кожухаров, Антикорупциска и Цвета Ристовска“ беше објавен на ЦИВИЛ Медиа на 26 декември 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Што се однесува до моралот, Цвета Ристовска едноставно – морала

 

Tags: ДКСКзаменик претседателУТМС Скопје.Цвета Ристовска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ