• Latest

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих Мерц денеска по средбата со канадскиот премиер Марк Карни.

-Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската агенција.

Германија смета дека признавањето на палестинската држава е меѓу последните чекори во решението за две држави во кое Израелците и Палестинците можат да живеат мирно еден покрај друг.

РЕГИОН

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово. Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер…

СВЕТ

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта и извозната инфраструктура ги нарушија рафинериските и извозните операции на Русија, предизвикаа недостиг на бензин во некои региони и послужија …

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот.

Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

АНАЛИЗИ

Одамна е познато дека едно од најсилните оружја на руската воена машинерија се дезинформациите и пропагандата. Тие се покажаа како смртоносни и разорни, преминувајќи граници и култури и нанесувајќи штета на цивилното население без бомби и куршуми. Во оваа војна се користат софистицирани алатки – од слики генерирани со вештачка интелигенција, до фабрикувани содржини и лажни наративи. Често овие конструкции се препакувани во локални приказни за да добијат на убедливост и влијание.

Овој извештај е само еден од безбројните примери за тоа како функционира руската пропаганда, пишува Џабир Дерала, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) во анализата „РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација.“

СЛОБОДНА ЗОНА

ЛНо, предложените владини мерки за надминување на проблемот се толку слични што ми изгледа како да се координираат министрите или барем разменуваат мислења околу нив. Закон за нефер трговски практики, листа на производи каде ќе се замрзнат маржите. Алчноста на банките и големите трговски синџири е темата за која се дебатира и во Белград и во Сараево и во Загреб. Кај нас владата како да се исплаши од решенијата што и стојат на располагање па се врти во круг околу потрошувачката кошница и цените на училишните прибори, пишува Војо Маневски во колумната „Зимницата и тетратките бараат нови политики.“

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ