• Latest

24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

August 29, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

August 29, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Поднесено обвинение за таткото кој повреди малолетни играчи од спортивниот тим на натпреварот во Штип

ОЈО Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Насилство“, по инцидентот што се случи на 24 август на фудбалскиот стадион „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар меѓу пионерските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, по обидите на ВМРО ДПМНЕ, со манипулација со бројки да докажува дека народот денес е побогат од времето на СДСМ.

РЕГИОН

Репортери без граници: Насилство врз новинарите во Србија-регистрирани се 34 напади за помалку од два месеци

Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд – 34 напади врз медиумски професионалци се регистрирани за помалку од два месеци додека известуваат за протести против корупција, соопштија „Репортери без граници“…

СВЕТ

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Украина во вредност од 825 милиони долари

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема на Украина во вредност од околу 825 милиони долари, а потребната дозвола за оваа одлука е доставена до Конгресот на САД преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста –ДСЦА (DSCA). …

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот.

Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ

АНАЛИЗИ

По масивниот напад со беспилотни летала и ракети на московските сили врз Украина во текот на ноќта на 28 август, насочен кон Кијив, во кој беа погодебии станбени области, при што загинаа најмалку 23 лица, меѓу кои четири деца, а беа повредени 63 други, меѓу кои 11 деца и и беа погодени седиштата на ЕУ и Британскиот совет, пропагандната машинерија на Кремљ се стави во погон во обид да ги оправда руските смртоносни напади врз цивилни цели.

Главен руски „играч“ во овие настојувања е провладината РИА Новости, со своите подружници надвор од Русија, каде меѓу најприемчиви за руските пропагандни наративи се покажаа медиумите на  Балканот, вклушително и во Северна Македонија, пишува Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) во анализата„Мониторинг на ЦИВИЛ: РИА Новости – координатор на руските дезинформации во земјава и регионот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Утрината на 28 август, чадот и смогот повторно го обвија родниот Кијив. Службите информираат дека спасувачките работи се во тек – спасувачите бараат луѓе под урнатините на нивните сопствени домови. Цела ноќ, од 20:24 часот на 27 август – до речиси 9 часот наутро на 28 август, рф извршуваше ракетни и дронови напади врз станбени згради, детски градинки, канцеларии.

А деновиве владата на рф иницираше денонсирање на Европската конвенција за спречување на тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување,  пишува Амб. Лариса Дир, Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна во колумната „Утрото на 28 август“

Подготви: Д. Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ