Во првиот дел од ексклузивниот и исто толку експлозивен разговор со проф. д-р Оливер Андонов од Воената академија во Скопје и еден од основачите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, се фокусираме на домашниот политички контекст и на анализите што предизвикуваат внимание во јавноста.
Андонов детално ги анализира актуелните настани и наративите на власта на Мицкоски, ја објаснува својата теза дека Северна Македонија веќе функционира како прокси држава на Балканот, а ја отвора и дискусијата за надворешните влијанија врз институциите и политичките процеси.
Понатаму, говориме за главните политички наративи што доминираат во пресрет на локалните избори – дали се однесуваат на локални прашања или пак се злоупотребуваат за ширење национални, националистички и геополитички агенди.
Разговорот допира и до прашањето како ваквите наративи влијаат врз меѓуетничките односи, како и довербата во институциите.
Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камери и монтажа: Ариан Мехмети
Прочитајте го научниот есеј од проф. д-р Андонов, специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ: