• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025 18:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во 43 општини во државата, на 19 октомври заврши гласањето во првиот круг за избор за градоначалници,  во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноста на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. 

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК во текот на денешниот ден, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе одат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со тоа според првичните официјални резултати, во првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 33 општини, коалицијата ВРЕДИ во пет, НАИ во три и СДСМ во три. 

-Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, нема цензус, рече Кондарко. 

Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати. 

Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа. 

Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,94 отсто од вкупниот број. 

ВМРО- ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови.На третото место е коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, со над 114.246 гласови, додека коалицијата ВРЕДИ добила околу 91.242 гласа. 

Политичката партија Левица добила поддршка од 57.063 гласачи, а партијата ЗНАМ 38.421. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освоила 13.000 гласови. 

Според податоците на ДИК, на изборите гласале вкупно 883.937 граѓани, од кои 833.984 ливчиња се важечки, а над 53 илјади се неважечки. Излезеноста изнесува 48,29 отсто. 

НЕВАЖЕЧКИ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА 

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирач, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. 

Само во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број повторно го отвора прашањето за изборната едукација на гласачите и функционирањето на изборниот процес. 

РОДОВ БАЛАНС 

Само една жена беше избрана за градоначалничка во првиот круг на локалните избори 2025 – Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. 

Покрај неа, уште три кандидатки се пласираа во вториот круг: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капија и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица. 

На овие избори од вкупно 309 кандидати за градоначалници само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број. 

КАЗНИ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИЗБОРЕН МОЛК 

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 

ГОВОР НА ОМРАЗА И ЛАЖНИ ВЕСТИ 

За време на кампањата за локалните избори 2025 во Северна Македонија се забележа висок степен на говор на омраза и прекршување на изборниот молк, особено на социјалните мрежи. Кампањите се водеа со навреди, провокации и дезинформации, што го нарушува изборниот процес и влијае врз јавниот дискурс. 

Ден пред главните избори (сабота) гласаа болни и изнемоштени лица на домашна адреса, лицата во притвор или затвор, како и оние сместени во домови за стари лица. Сите гласачки кутии – вклучувајќи ги и овие – се отвораат и броењето започнува по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога гласаат сите граѓани. 

ПРЕЛИМИНАРНА ОЦЕНКА НА ЦИВИЛ  

ЦИВИЛ спроведе сеопфатен долгорочен мониторинг на локалните избори во првиот круг на 19 октомври и – два часа по затворањето на избирачките места – излезе со прелиминарна оценка на изборниот ден. 

Изборниот ден започна мирно и навреме, со ограничени технички доцнења и поединечни проблеми со фингерпринт-апаратите на голем број локации низ целата земја. По 15 часот се бележи интензивирање на партиските активности, пораст на пријави за организиран превоз, притисоци, како и поединечни случаи на сомнежи за поткуп. Според прелиминарната оценка на ЦИВИЛ, изборниот ден во целина помина мирно и регуларно, а гласачите имаа можност слободно да ја изразат својата волја. 

Сепак, изборниот ден беше исполнет со извештаи за низа пропусти, како и нерегуларности и слабости што се бележат и на голем број претходни изборни процеси. 

ОЦЕНКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ  

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. 

Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ(ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент, изборите се одвивале во атмосфера на разочараност од политиката и широко распространети перцепции за корупција. 

Подготви: Д. Т. 

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ