• Latest
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025 15:56
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Скриншот од видео на Baku TV | RU

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште еднаш во главна улога во руската пропагандната програма  која сериски се пренесува во дел од македонските медиуми.

Последните „срцепарателни“ изјави на Песков за „невозвратената братска љубов“ од Србија, и нејзиниот претседател А. Вучиќ, кој се дрзнал да помисли да продава оружје по Европа, наиде на одличен прием кај домашните љубители на руски сказки.

Во дел од македонските медиуми кои редовно ги пренесуваат „бисерите“ на руските функционери и пропагандисти, повторно му беше отстапен простор на портпаролот на државата агресор, на кого не му се допаднало некој друг, во случајот братската Србија и нејзиниот претседател, да продава оружје, и тоа на клиенти без „амин“ на Кремљ. Според некритичкиот пренос на изјавата, се чини дека истото им засметало и на одредени македонски медиуми, кој со речиси идентичен текст, и наслови кои се разликуваат само во мали нијанси пренесуваат: Песков: Не сакаме муниција и оружје од братска Србија да бидат употребени против нас; Кремљ: Не сакаме оружјето произведено во братска Србија да се користи против нашите војници; Вучиќ сака да продава мунициј на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребени против нас, а некои одат и до таму што се ставаат во улога на извршители на Песков, за да го искараат српскиот претседател: ПЕСКОВ ГО ИСКАРА ВУЧИЌ ЗА МУНИЦИЈАТА Последно нешто што сака Москва се српски куршуми на фронтот.

Иако македонските медиуми не го наведуваат изворот на веста, по пребарувањео на интернет, според насловите, може да се забележи дека овие написи, традиционално доаѓаат од соседна Србија, каде за разлика од тука, не го кријат изворот, па српските медиуми како извор од каде ја преземале веста ги наведуваат руските прорежимски медиуми РИА Новости и Комерсант.

Но, како и Песков, и тие ја заобиколуваат другата страна на приказната, и никаде не спомнуваат дека истиот тој Кремљ, чиј портпарол е Песков, никого не прашува и на никого не му полага сметка кога купува оружје и муниција од Иран, Северна Кореа, и истото го употребува против до вчера братската Украина, убивајќи цивили, жени, деца…како и кога продава оружје на диктаторски режими, како оној на сирискиот крвник Башар ал Асад или на африканските господари на војната.

И додека во продолжение пренесуваат како Песков додал дека Русија разбира дека Белград е под невиден притисок и дека ситуацијата таму не е лесна, и Москва разбира со какви проблеми се соочуваат Србите, истовремено потсетуваат дека претходно, во мај годинава, Русија веќе еднаш доживеала „длабока болка“ поради тоа што Србија, како што тврдат, го снабдувала Кијив со оружје. По тие обвинувања, Вучиќ најави дека ќе го суспендира извозот на муниција. Можеби целта на овие написи објавени во медиумите од блиското соседство на Вучиќ, е да го наведат српскиот претседател на ист таков потег, се во корист на интересите на Москва, а со самото тоа и на домашните спроведувачи на руската пропаганда и агендата на руските хибридни операции во земјава и во регионот на Западен Балкан.

Ова особено ако се има предвид извештајот на ЕУ во кој се нотира дека „Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително и напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик, кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, од каде недвосмислено произлегува оската Скопје-Белград-Будимпешта-Москва.

Впрочем, Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ, низ серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, веќе предупреди на стратешката ранливост на Северна Македонија од  руските хибридни операции и даде препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност на ваквите закани.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

 

Tags: руска пропаганда во македонските медиумихибридни закани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ