• Latest

Захариев: Во Штип нема сиромаси, текстилците работат во хумани услови, Ромите ги сечат шумите!

May 10, 2017

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Захариев: Во Штип нема сиромаси, текстилците работат во хумани услови, Ромите ги сечат шумите!

May 10, 2017 10:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Илчо Захариев, градоначалник кој секое утро во 5 часот наутро започнува со работа и е на располагање на сограѓан(к)ите, не беше во можност за време на посетата на тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода на Штип, да даде видео-интервју за ЦИВИЛ Медиа. Од неговиот кабинет ни беа побарани прашања во писмена форма, по што ни стигна одговор дека поради набиената агенда, одговорите на градоначалникот на прашањата на тема социјална правда, работнички права и екологија, ЦИВИЛ Медиа ќе ги добие, исто така, во писмена форма. 

ЦИВИЛ Медиа: Дали постои социјална правда во Штип и дали имате слух за барањата на граѓаните?

ЗАХАРИЕВ: Морам да ви кажам дека сме единствена општина каде градоначалникот доаѓа во 5 часот наутро и има средби со граѓаните уште од почеток на денот. Нема потреба граѓаните да се најавуваат за да дојдат во кабинетот на градоначалникот. Секој кој дошол е примен и му е излезено максимално во пресрет. Над 15.000 граѓани за овие четири години поминале тука, што е речиси четвртина од градот! Генерално, на сите граѓани, без оглед  дали доаѓаат заради социјалниот статус, комунален, здравствен или фамилијарен проблем, градоначалникот и службите им излегуваат во пресрет.

Според транспарентноста, во повеќе истражувања Штип е меѓу првите пет општини во Македонија, а од економски аспект, сме шести град по перспективи за развој и живот  во Југоисточна Европа, според истражување кое е направено и објавено во угледниот „Фајненшал тајмс“. Мојот личен став е, нека има богати, но не смее да има сиромаси! Јакнењето на средната класа е предуслов за одличен живот и тоа е наша заложба, всушност, во нашиот град имаме само 2.000 невработени, од кои само 1.000 активно бараат работа. Конечно, во нашиот град нема деца кои питачат по улиците, немаме лица без дом, а Општината се грижи за околу 300 граѓани кои се сместени во колективни центри, на кои им плаќа струја, вода, затоплување, и обезбедува делумно храна и секако, лекови.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се заштитени работничките права, со оглед на многуте жалби на вработените, посебно во текстилната индустрија, на мобинг и притисоци?

ЗАХАРИЕВ: Не знам дали сте информирани како ЦИВИЛ, но постои Закон за работни односи (ЗРО) кој ги дефинира правата на работниците и надлежноста на Општината во тој дел е минимална, односно, немаме надлежност. За тоа се одговорни Трудовата, Пазарната инспекција, кои треба да си ја вршат работата според законот. Во Штип доминира текстилната индустрија и поголемиот дел од конфекциите имаат одговорен однос кон вработените, хумани услови за работа, работа само во прва смена.

Не сакам да набројувам, но има такви конфекции како што се „Семак фешан“, „Ва-Бо“, „Албатрос“ и други. Ако има нарушување на правата на работниците, мобинг и притисоци, ќе треба да се обратите во Трудова инспекција или во Пазарна, кои имаат податоци за пријавите и тие се надлежни за решавање на овие проблеми.

Текстилната индустрија вработува над 8.000 луѓе и во поглед на платите – тие се во пораст, а до Општината од вработените досега нема жалби за мобинг или по друг основ. Секако дека ние како Општина се залагаме за почитување на работничките права, за почитување на ЗРО и на работното време, а прекувременото работење да се плаќа согласно законите.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е најголемиот еколошки проблем во Штип и што се презема на тој план?

ЗАХАРИЕВ: Морам да кажам дека имаме здрава животна средина, градот е среден и чист , уреден со многу зеленило и на тоа Општината обрнува големо внимание. Индустријата е лесна и незагадувачка, немаме тешка индустрија и немаме капацитети кои загадуваат. Најголем еколошки проблем е неконтролираната сеча на дрва во потплачковичкиот регион, каде лица од ромска националност, секојдневно уништуваат и приватни, но и државни шуми. Последиците можат да бидат катастрофални, затоа што се менува амбиентот, ќе има влијание на климата. И ерозијата која ќе настапи и евентуалните поплави можат да бидат со катастрофални последици по градот. Интервениравме во Министерството за земјоделство и шумарство, во ЈП за шуми, во Шумската полиција и уверени сме дека ќе се најде крај на оваа еко-катастрофа. Исечени се бесправно и на диво, илјадници хектари шуми. Други еколошки проблеми немаме.

Биљана Јордановска


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрадоначалникекологијаИлчо Захариевработнички правасоцијална правдаШтип
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ