• Latest

Ајтов: Македонија е пример како една држава не треба да се грижи за својата армија и за безбедноста!

May 15, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ајтов: Македонија е пример како една држава не треба да се грижи за својата армија и за безбедноста!

May 15, 2017 15:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот за одбрана и безбедност за условите во кои работи Армијата, за загрозувањето на безбедноста на Македонија поради намалувањето на стандардите за војниците и вработените во МО, како и за барањата и заложбите на синдикатот.

„Паричните примања и надоместоци во Министерството за одбрана, вклучувајќи ја и АРМ, се на толку ниско ниво, што можеме да кажеме дека се социјална помош или, во случајот, ‘социјална плата’. Вработените се многу ниско платени и со своите примања не се во состојба да го поминат месецот и да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Наместо да ја работат својата работа, тие размислуваат за тоа дали дома ќе донесат доволно средства за пристоен живот“, ни рече Ајтов.

Тој потенцира дека платата за безбедносните структури, од кои зависи опстанокот на секоја држава, во Македонија се граничи со просечната плата. Според него, во буџетот нема ни основни средства за извршување на секојдневните работи, вежби, вистински задачи и за ангажирање на Армијата, и потенцира дека не станува збор за поплави и слично, туку за оружени пресметки каде се користи огнено оружје!

„Минатата година, пред незаконскиот и нестатутарен упад од одредени лица, за жал, помогнати од сегашното раководство на Министерството за одбрана, кои директно и брутално се вмешаа во работата на Синдикатот, ние побаравме покачување на плата од 20%“, потсетува првиот синдикалец на одбраната и безбедноста.

„Ние се обидовме да преговараме, да аргументираме, да правиме паралела со МВР, и секаде наидовме на разбирање… Но, кога требаше да се реши проблемот, министерот креваше раменици… Македонија ќе биде единствена земја, член или аспирант за влез во НАТО, во која ќе се случи штрајк во Армијата, и ние ќе бидеме пример во НАТО-академиите – и Армијата и Македонија, ќе се учат во учебниците за тоа – како не треба една земја да се грижи за својата безбедност и армија“, ги најавува Ајтов следните чекори на сидникатот, доколку не се исполнат барањата на припадниците на АРМ!

 

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска

[divide]

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „социјална плата“АјтовАРМбезбедностМинистерство за одбранамоНАТОплатипросечна платасиндикатШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ