• Latest

Даневски: 12-годишни деца се експлоатирани во преработувачки фирми!

June 16, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Даневски: 12-годишни деца се експлоатирани во преработувачки фирми!

June 16, 2017 09:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ромското население во земјоделството е особено малтретирано, не само од работодавецот, туку и од банда којашто ги шета низ јужна Македонија, во Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Дојран… Деца од 12 години работат, лупат кромид, подготвуваат ајвар, а ние го купуваме од маркетите“, обвини Живко Даневски, лидер на АГРО синдикатот на конференцијата „Општество без граници“ што во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода се одржа во вторникот во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

Според Даневски, тоа се случува во 34 фирми, коишто преработуваат зеленчук, овошје и градинарски производи. Тој ја повика Инспекцијата за труд да ги пронајде овие деца во дворовите на фирмите каде што, како што рече „цела фамилија Роми, заедно со таткото и мајката, лупат кромид и пиперки за да јадеме ние потоа“.

„Се отвора и прашањето за сезонските работници во земјоделството, градежништвото, угостителството и туризмот… Тие работници не се заштитени. Во Програмата на сегашната Владина гарнитура има некои нотирани точки, за коишто во иднина сакаме да разговараме. А, ќе бараме да се почитува и член 32 од Уставот. Работникот има право на работа и социјална сигурност, договор за вработување и Колективен договор. Само така, работниците може да се заштитат и да седнат да преговараат со работодавецот“, порача Даневски.

„Прво, од петтодневната работна недела, преминавме на 24/7, како што работеше досегашната Влада. Второ, во 2008, министерот за финансии, за јавниот сектор стави храна и превоз, а работниците од стопанството ги остави на ледина. Тогаш, работниците земаа за храна и превоз околу 5.500 денари, а сега, ако се одземе од нивната плата, од 10.080 денари, оваа сума, може да се види за колку пари работат овие работници. Според законот, инспекторот е должен да побара договор за вработување и Колективен договор кај работодавецот, дури потоа, да ги бара сите други елементи. Нема евиденција на прекувремените часови работа“, рече Даневски.

 

Камера: Дехран Муратов и Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Изјавата/излагањето на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување

 

Tags: 12 годишни децаАГРОексплоатацијаконференцијапреработувачки фирмиРомисиндикатсоцијална правдаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ