• Latest

Изминаа 22 години од масакрот во Сребреница

July 11, 2017
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Изминаа 22 години од масакрот во Сребреница

July 11, 2017 10:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Меморијалниот центар во Поточари, покрај Сребреница, денеска ќе се одржи комеморација во спомен на преку 8.000 жртви, кои настрадаа во масакрот за време на војната во Босна и Херцеговина, пред 22 години.

Во Поточари сè е подготвено за почеток на колективна молитва и погребување на новоидентификуваните жртви во масакрот. Ова го потврди и поранешниот началник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, актуелен претседател на Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од злосторството. Во Поточари се очекува да пристигнат преку 25 илјади граѓани од целиот свет.

Во културниот центар „Сребреница“ вчера се одржа комеморативна седница за бошњачките и српските жртви, а во Белград истовремено се одржаа два протеста по повод масакрот врз илјадници босански муслимани во Сребреница. На протестот на „Организацијата исчезнати Срби“ беше презентиран список на Срби, убиени во околината на Сребреница. Другиот протест беше организиран од активистите на „Жени во црно“, што е впрочем, една од неколкуте организации во Србија, што инсистира да се признае геноцидот во Сребреница. Српската полиција била принудена да го подели главниот плоштад во Белград, за да спречи судири меѓу двете групи.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Хепи, изјави дека не добил покана за присуство на комеморацијата.

„Такво големо злосторство не смее да му се случи повторно на ниту еден народ, никому. Се пролеа многу крв, мора да гледаме во иднината“, рече Вучиќ, додавајќи дека 80 или 90% од граѓаните на Србија, сметаат дека во Сребреница не се случи страшно злосторство.

И Македонија денеска ќе ја обележи 22 годишнината од геноцидот врз Бошњаците. Босанската културна заедница на Република Македонија ќе одржи „Марш на мирот за Сребреница“, што ќе започне од Мурат пашината џамија во скопската Стара чаршија. За време на маршот ќе биде прочитана годинешната порака на здружението по повод одбележувањето на геноцидот.

Минатиот месец, Судот во Хаг ја потврди пресудата на граѓанскиот суд од 2014 година, според која Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 300 босански муслимани од Сребреница, што биле засолнети во базата на мировните сили на Обединетите нации. Судот заклучил дека Холандија постапила противправно, со тоа што ги избркала муслиманите од базата и дека мировниците требало да знаат дека постои реален ризик, тие да се соочат со нечовечки постапки и ликвидација, ако бидат предадени на вооружените сили на босанските Срби.

Tags: Белградбосански муслиманиверска војнагеноцидкомеморацијаМакедонијамасакрПоточарипресудаСребреницаХагчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ