• Latest

Подмолната пропаганда на Груевски

June 13, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Подмолната пропаганда на Груевски

June 13, 2017 18:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја разбравме пораката. Не лагата и спинот, туку пораката. Груевски бара влез во ЕУ и НАТО за Македонија. По кој знае кој пат, како папагал! Се изнасмеав кога го замислив како, во затворска ќелија, додека ја прима терапијата, ги држи рацете свиткани во лактите оддалечени пола метар, го кажува истото, а Македонија веќе одамна влегла и во ЕУ и во НАТО.

Пишува: Џабир Дерала

И по кој знае кој пат, уредниците во медиуми што не се под негова контрола, решаваат да го објават тоа. Како тој да нема своја ТВ Бастиља и безброј сè уште верни држачи за микрофони и курири. Груевски и неговиот агитпроп тим немаат идеи. Но, тоа не значи дека треба сега секој ден да го слушаме, читаме и гледаме истото. Што се прави со ова? Во потрагата да се биде независен и објективен, не значи дека треба да се падне во пропагандната стапица на криминалците и да дозволиме тие да се наметнат како про-европски елемент.

Груевски и неговото злосторничко здружение со години ја хранеа омразата кон европските вредности, ги уништија интегративните процеси и ја туркаа земјата во студената прегратка на Русија. Сега биле проевропски и за НАТО?! Притоа, речиси дрско, а навидум конструктивно, тие имаат барања и од европските институции. Со тоа, кримосиве си создаваат простор утре повторно да излеат омраза и напади токму против ЕУ и НАТО, поради „неисполнување“ и „неправичност“… И пак ќе бидат во вестите.

ДПМНЕ е партијата што повикуваше на долги ножеви, бараше гасни комори и сатари, изврши терористички напад врз Собранието и убиства во обид врз пратеници, извикуваше “Бејли, тргни ги рацете од Македонија!”, ја водеше скапата меѓународна кампања “Стоп операција Сорос”, платена со наши пари, ги злоупотреби институциите како УЈП, финансиската полиција и ДКСК да го нападне граѓанското општество… Тоа е проевропска и прозападна ориентација?

И ова некој ќе се обиде да го спинува, клеветејќи ме дека повикувам на контрола во информирањето, но овој рафал е насочен кон подмолната пропаганда, а не кон информирањето. Ако Груевски секој ден изјавува дека сака во ЕУ, не смее да изостане прашањето зошто ја оддалечуваше Македонија од ЕУ, од НАТО, од 21 век… И се разбира, кога мисли да почне да се појавува поредовно во СЈО!

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (14/6/2017)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскиДКСКдпмнеЕУНАТОпропагандаСЈОУЈПЏес Бејли
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result