• Latest

Заев ретерираше за инцидентот со „боењето“, Геровски реагира!

September 20, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ретерираше за инцидентот со „боењето“, Геровски реагира!

September 20, 2017 11:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По изјавата пред иселениците во која кусо посочи дека и истурањето боја врз главата на новинар е слобода, премиерот Заев испрати и реакција од Њујорк, во која е дециден дека „слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода“ и дека „чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија – новинар“. Новинарот пак, во реакцијата на социјалните мрежи му порача на Заев дека „во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот“

„Во Македонија сега е слобода, по долги години конечно е слобода, ја враќаме демократијата, ги враќаме институциите да им служат на граѓаните. Кого и да прашате во Македонија, повеќе нема притисок, нема закана… Има отчетност и одговорност, може да се постави секакво незгодно прашање, може да видите сè што се случува, па дури и на Героски како му истураат боја врз главата, тоа беше денеска актуелно во Македонија, но, сето тоа е слобода… Вие живеете овде во Америка којашто е симбол на демократијата и слобода. Јас верувам дека и нашата Македонија може да биде добар пример за слободна и и демократска земја, каде што владеат човековите права и каде што секој гради свои перспективи“, рече во обраќањето пред македонските иселеници, на приемот организиран од Форумот за демократска Македонија во Њујорк, премиерот Зоран Заев.

Откако на социјалните мрежи имаше и остри реакции против инцидентот во Скопје, стигна и реакцијата на Заев од Њујорк, за настанот од понеделникот, кога Љупчо Палевски поранешен функционер во СДСМ, истури боја врз новинарот Бранко Героски.

„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода.
Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија – новинар.
Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“, реагираше Заев од Њујорк.

На Фејсбук реагираше и новинарот Героски кој директно побара објаснување од Заев за изјавата во Њујорк.

„Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Според него, нападот на Љупчо Палевски врз мене бил доказ за ‘слобода’. И тоа ‘слобода’ со која премиерот се фали пред нашите сонародници во Америка и поради која, меѓу другото, тие треба да бидат мотивирани да инвестираат во Македонија. Замислете!
Уште колку чаши или канти боја, друже Заев, кадарот на СДСМ, Палевски, треба да истури врз мојата глава, за Македонија да стане уште ‘послободна’? Кажи друже, јас и онака сум мазохист, како што вели Орданоски, па можеби ќе се жртвувам во името на привлекувањето странски инвестиции. Од кои Палевски, претпоставувам, како ‘слободоумен’ молер или ‘поттурач со боја’, ќе добива соодветни провизии. Нешто како економски промотор…
Каква е оваа изјава, друже Заев? Очигледно добро те расположил перформансот на Палевски. Можеби и затоа, по уредно пријавената закана од Палевски кон мене (да, да, кај твојот министер Оливер Спасовски), ништо не е преземено. Можеби идејата била со овој перформанс да се покаже колку Македонија е ‘слободна’ земја.
Е, мој друже Заев… Те гледам искезен кога го спомнуваш Героски. Веројатно со нешто го заслужив твојот потсмев. Само, да ти биде јасно како бел ден – во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија.
Толку од мене. Пријатен престој во туѓина и уште многу попатни насмевки“, пишува Героски.

 

Tags: ГероскиЗаевзакана и загрозување на професијата новинаризјаваЊујоркПалевскиреакцијаслободаСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ