• Latest
Добро утро со Орданоски

Нова Фамилија? Не, фала!

October 26, 2017

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нова Фамилија? Не, фала!

October 26, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ога ќе се нафатите да пишувате дневна колумна, тогаш некои приказни сами ви доаѓаат. Оваа е една таква…

Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги.

Ако фатиме една цинична колумнистичка поза, би се рекло дека до тука е сѐ в ред. Во нео-либералниот капитализам, пазарот на рекетот не мирува, конкуренцијата си го прави своето, цените ги диктира понудата и побарувачката… Но, овдека има и еден специфичен „маркетингшки“ обрт во приказната: имено, овој тазе рекетарски бизнис естаблишмент, шетајќи наоколу по чаршијата, се фали и се претставува дека ги застапува интересите на една нова владејачка потенцијална Фамилија во Македонија – онаа на Заеви.

Да се разбереме, мене ми е совршено јасно дека тоа фалење е тотална измислица! Сигурен сум, „на невидено“, дека Заеви, чиј семеен бизнис со години игра во „Премиер лигата“ на македонскиот деловен свет, немаат никаква врска со овој вид на трето-ешалонски криминални активности.

Но, подеднакво сум сигурен и во нешто друго: во Македонија НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ овој вид на рекетарски операции, доколку зад нив не стои некаков вид и некое ниво на неофицијална полициска поддршка. Значи, да повторам: нема рекет, без полицајци во шемата! Е, тоа е веќе проблем (и) на масата на Заев, виа Оливер Спасовски!

Нема СДСМ многу време на располагање на македонските граѓани да им покаже и докаже дека е поразлична власт од она на што навикнавме во изминатите 11 години владеење на Груевски (псссст!, потивко, Грујо е задлабочен врз правењето „длабока анализа“ за причините за изборната катастрофа…). За тоа не се доволни само апстрактните нивоа и дебати за инвестициските политики или за реформите во образованието и односите со соседите. Секојдневието ни се одвива низ дуќаните каде пазариме и кафулињата во кои се дружиме – ако државата таму не е способна да нѐ заштити од вознемирувањата на уличните мафијаши и нивните криминални омерти, тогаш навистина, велам, не е ни важно дали ќе има или ќе нема референдум за исходот на преговорите со Грција!

Пак ќе кажам: убаво звучи, ама не може во Македонија да има живот баш за сите! Еве, на пример, да ја провериме таа теза врз новиве рекетари.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: бизнисЗоран ЗаевНикола ГруевскиОливер Спасовскирекетарифамилија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ