• Latest

Антоновски: За мене слободни општества се фикција

November 9, 2017

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антоновски: За мене слободни општества се фикција

November 9, 2017 12:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Драган Антоновски, генерален директор и главен и одговорен уредник на МИА, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, зборува за новинарските стандарди, колку чини слободата и што е потребно за нејзина одбрана.

ЦИВИЛ: Што подразбирате под слобода на изразување, медиумска слобода и активизам?

Антоновски: Слободата е скапа играчка. Секој поединечно треба да се избори, првин да ја почувствува слободата во себе, па потоа да се бори за слободата на другиот. Слободата бара жртва. Зависи од тоа колку си подготвен на тоа, дали ќе се жртвуваш себе си, дали ќе ја жртвуваш професијата, се движиме во круг, а оттаму произлегува дали слободата на медиумите е клуна за слободни општества или обратно. Искрено за мене слободни општества е фикција. Има демократски или помалку демократски општества, а слободата на медиумите треба да придонесе за демократизација на општеството. Значи, зависи прво од себеси, колку ќе се ослободиш да се од важиш да го кажеш тоа што треба точно и вистинито или ќе ја злоупотребиш професијата и ќе манипулираш со кажаното.

Слобода на изразување по дефиниција е едно, меѓутоа во медиумски контекст, не значи сѐ што ќе слушнеш треба да го интерпретираш така како што си го слушнал. Во новинарството постојат правила, а тоа значи дека треба да имаш неколку извори за да дојдеш до нешто, треба да имаш факти, а не слободна интерпретација или слободна перцепција како што во последно време се случува, односно како ти тоа го доживуваш.

Што се однесува до активизмот, во медиумски контекст ако подразбира да се освои некој битка, тоа во Македонија недостасува. Она што недостасува е борба на новинарите, односно дефиницијата што е новинар во македонски контекст. Едно е да работиш новинарство, а друго е да работиш новинар во вистински смисла кој работи по стандардите, а сосема трето е да бидеш натрапник во новинарството односно да ја злоупотребуваш професијата.

ЦИВИЛ: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Антоновски: Една димензија е да сте обучен како професионалец како новинар и да држите до стандардите, а друга димензија е да имате простор каде тоа ќе го интерпретирате, каде што ќе го кажете тоа што сте го подготвиле како новинар. Моето лично искуство во целиот тој новинарски живот е да се избориш сам за просторот, таму кај што не ти даваат, таму каде што нема стандарди, да го напуштиш тој терен и да бараш простор каде што ќе можеш слободно и професионално да се изразиш. Од позиција на директор на Македонската информативна агенција се трудам да го ослободам тој простор и барам од новинарите работат според стандардите, вестите да бидат проверени, да бидат брзи и да бидат точни.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Антоновски: Во ова време-невреме барем досега, ќе видиме како ќе биде понатаму, не верувам дека постои воопшто новинар во Македонија кој работел по новинарските стандарди, а да не бил соочен со притисоци. Тоа е веќе личен избор, дали ќе се одважите да бидете професионалец или натрапник што ќе ја злоупотребува или ќе се преиначи во рекет „новинар“, бизнис „новинар“, којшто на таков начин ќе заработува од професијата. Со оглед на мојата долга кариера имало многу притисоци, а сум се справувал, едноставно со одбивање и неприфаќање на таквото новинарство.

Кога ќе ја врзете слободата со некои претходни времиња, цената била животот, а сега не, за среќа, но тука се отказите, симнување од програма, блокада на просторот во кој работиш… сето тоа поминува, ако сакаш да останеш доследен на новинарскиот збор.

Јас бев 5 години надвор од професијата токму поради тоа што не прифатив да бидам ничиј слуга. Јас ја добив највисоката награда во новинарството „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за емисија што десет години ја работев, а ја симнаа од програмата, ме симнаа од вести, ми забранија да влегувам во куќата, добив отказ, што повеќе да ви кажам? Останав да барам свој простор каде да се изразам, на кој начин ќе го направам тоа..

Еве сега повторно се вратив на новинарска позиција во која што можам да дозволам да го ослободам тој простор и да диктирам некакви стандарди заедно со новинарската заедница, медиумските организации и на тој начин да промовираме поинаков пристап кој што треба да не доведе до демократско општество.

ЦИВИЛ: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Антоновски: Она што е нужно е новинарите мора да бидат писмени. Мора да знаат дека слободата не е да кажеш што сакаш, туку да го кажеш тоа според новинарските стандарди. Мораме да ја описмениме и публиката, да разликува што е лажна вест, а што вистинска информација. Тоа е еден процес во кој што мора сите да вложиме, општеството, власта која што не треба да диктира тоа што сака да слушне, туку да има капацитети да издржи критика и мора да издржи критика, затоа што ништо од тоа не е идеално, да се радуваат на грешките на кои им укажуваме, а не да не санкционираат. Се работи за долг процес, за кој што мислам дека имаме сега засега некаква позиција и ќе се бориме во таа насока, затоа што никој нема на тацна да ти даде, бујрум повели, работи.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Маја Ивановска

 


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамДраган Антоновскимедиумска слободаслобода на изразувањеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ