• Latest

Професори и директори, бидете пример на учениците!

November 20, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Професори и директори, бидете пример на учениците!

November 20, 2017 11:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ важи (или важеше) за една од најдобрите пет гимназии во државава. Можеби е таков случајот кога се работи за знаењето на учениците, но не се согласувам дека тоа е вистина кога се работи за гимназијата во целост.

Јас сум ученичка во гимназијата. Сакам да споделам еден став со македонската јавност. И искуство. Искуство што сум го стекнала како ученик во оваа образовна институција. Искуство, кое укажува колку ни е лош образовниот систем и луѓето кои се назначени да ги водат образовните институции.

Со години наназад, веќе ништо не се случува во гимназијата. Никакви активности (и тие што се организираат се во толку мал број, што ми е срам и да ги спомнам), никакви случувања што ќе ги мотивираат учениците да се вклучат во воннаставни активности и ќе придонесат кон образовната култура и на училиштето и на општеството како целина. Сè се сведува само на монотоните предавања на часовите во кои отсуствува било каква интерактивност и иновативност, предавања кои се здодевни за учениците и создаваат омраза на учениците кон образовниот процес.

Предводени од желбата да се смени ваквата реалност која владее во нашето училиште (а верувам и во многу други во нашата држава), јас и уште неколку ентузијастични ученици, решивме да организираме отворени часови, кои ќе бидат одржувани од неколку наши заинтересирани соученици, кои на тема по своја желба и интерес, ќе приготват интерактивни предавања. Разговаравме со професори од нашето училиште кои нè поддржуваат и сметаат дека идејата е одлична и дека навистина ќе придонесе за нова атмосфера во нашето училиште.

Моравме прво да добиеме дозвола од директорот на училиштето, па отидовме да разговараме со него. Иако малку скептичен и незаинтересиран, ни дозволи да ја реализираме идејата. Побаравме од него ослободување од настава за еден ден на учениците-презентери (кои беа вкупно 9 од целото училиште), со цел да го подготват часот. На наше изненадување, тој рече дека тоа воопшто не е потребно, дека и покрај училишните и други обврски, ќе успеат да се подготват и не дозволи никакво ослободување. Да напоменам, ова е во интерес најмногу на училиштето, а не на самите ученици кои се ангажираа доброволно, и кои можеби своето слободно време ќе го посветеа на одмор и релаксација, наместо на нешто кое придонесува за доброто на училиштето. Зачудени, рековме во ред, ќе се обидеме на друг начин. Разговаравме со класните раководители на учениците (беа само 9 ученици во прашање), дали може да се најде начин да биде оправдано нивното отсуство од часови (се работеше само за ЕДЕН ден, не беше тоа никаква злоупотреба или слично), и тие со цел да нè поддржат да го оствариме тој настан, се согласија да ни помогнат.

Сето тоа беше во ред, сè до денот на кој требаше да се одржат часовите. Бевме сосема подготвени за целиот настан да започне. Тој ден, директорот дознал дека учениците не доаѓале на настава претходниот ден, па крајно непријателски нè повика во неговата канцеларија, каде со крајна ароганција ни се обрати и го откажа овој настан. Поради тоа, со голема разочараност и револт од неговиот однос, чувствувам дека морам да го споделам ова со јавноста, за односот на раководителите на училиштата со нивните ученици.

Непријателска настроеност, без поддршка кон нашата иновативна идеја за доброто на училиштето, тој ја убива нашата мотивација и ентузијазам со неговиот однос. Нему не му е грижа за тоа колку децата можат да направат и постигнат, за нивниот успех, туку се грижи за некој лажен „ред“ и „дисциплина“. Е па, жал ми е директоре! Жално е за вас, што не поддржувате ученици, туку се стремите само да ги остварите вашите лични интереси и да останете на функција преку тоа што слепо ги слушате вашите надредени. Жално е. И за нашата институција, и за државата и за образованието во целост. Жално е учениците ова да ви го говорат, треба да сте самиот свесен. И, како сакате да градите општествено активни и совесни граѓани, мотивирани и успешни луѓе кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата, ако вие ги задушувате во периодот кога тие се градат себеси? Вие треба да сте пример за нив, а не тие за вас…


Авторката е средношколка која сака да остане анонимна

Tags: гимназијадемотивирањезабранаОхридсредношколци
Share152TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ