• Latest

Димитровска: Нема сила што ќе ме спречи да зборувам слободно

November 25, 2017
Миколајив, 16 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Петмина загинати во напад врз автобус во Никополскиот реон, нападнат и возот Кијив-Миколајив – која е целта на нападите врз јавниот превоз?

September 16, 2026

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димитровска: Нема сила што ќе ме спречи да зборувам слободно

November 25, 2017 12:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Благица Димитровска, претседателка на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за потребата од здружување на граѓанскиот сектор во промовирање на слобдата на изразување и активизмот, како и на правата на граѓаните.

Димитровска, што се однесува до медиумите, истакна дека, за да ја одбранат слободата, пред сѐ, треба да ја почитуваат, а не да бидат подложни на поткуп и манипулации.

ЦИВИЛ: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Димитровска: За мене слобода на изразување е секој граѓанин да има право јавно да зборува за проблемите со кои се соочува. Без притисоци, што почесто, вистината да излегува преку медиумите и да се слушне во јавноста со какви проблеми се соочуваат луѓето.

Слободата на медиумите е кога медиумите ќе можат да ги прикажат информациите од терен онакви какви што се, вистинити, без притисоци од било кого за да креираат погрешна слика за реалноста во нашето општество.

Медиумите не се доволно финансиски јаки за да можат да работат она што им е работа, туку се зависни од оние што ги финансираат, дали се тоа политички партии, фирми или други институции, и пласираат во јавноста информации што се добиени од нив.

За жал, активизмот во нашето општество не се вклопува најдобро. Дали кај луѓето постои страв или притисок од некого, но многу ретко наидуваме на граѓански активизам.

Ретко кога можеме да видиме протест, собир на граѓани или некоја иницијатива што навистина ќе придонесе за поголеми права на граѓаните. Особено зборувам за активизам за лицата за попреченост и на нивните семејства бидејќи се наоѓаат во маргинализирана состојба и многу ретко можеме да се соочиме со здружување на оваа категорија за да влијаеме на оние кои имаат моќ да се подобри квалитетот на нивниот живот.

ЦИВИЛ: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Димитровска: Сами не можеме многу. Потребна е една платформа на невладини организации без оглед дали се тоа лица со попреченост или друга невладина организација што ги засега поголемиот број на граѓани. Треба здружено да делуваме.  Ние како организација зборуваме јавно за сѐ она што е потребно за подобрување на животот на лицата се попреченост и нивните семејства. Една организација не може да направи големи промени. Потребни се голем број на организации здружени со медиумите, но и поголема соработка со институциите.

Претставниците на институциите не ја знаат реалната состојба на терен. Ние активистите сме секојдневно на терен и треба институциите да бидат отворени кон нас, за да можеме да разговараме со нив и да им ги пренесеме состојбите од терен.

Работиме на промовирање на активизмот, но кога ќе дојде време да се излезе пред медиумите, ретко кој сака да зборува јавно. Тоа е проблем кај нашите граѓани.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Димитровска: Досега не сум се соочила со било каков притисок, иако често сум во  јавноста. Но, ако се соочам со таков проблем, не се плашам. Мојата задача е да се борам за правата на оваа категорија граѓани. Јас покрај тоа што сум претседател на здружение на граѓани за правата на лицата со попреченост, јас сум и родител и сум во таа група на граѓани кои ги застапувам.

Нема сила што ќе ме спречи да зборувам јавно и да ги кажувам проблемите и да барам поголема поддршка и поголеми права за лицата со попреченост.

ЦИВИЛ: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Димитровска:  Потребни се поголеми права, поголема финансиска поддршка и мислам дека новинарите или било кој медиум треба да ја почитува слободата на пренесување на информациите, а не да се подложни на поткуп или манипулации од било која страна.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамБлагица ДимитровскаИнклузиваинтервјуслбода на медиумислобода на изразување
Share109TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ