• Latest

Дерала: Покрај оставката од партијата, Груевски мора да поднесе одговорност!

December 1, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Покрај оставката од партијата, Груевски мора да поднесе одговорност!

December 1, 2017 16:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавата за признанието на Никола Груевски за оставка од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во изјава за ЦИВИЛ Медиа ја коментира веста за оставката на Груевски и денешната реакција на ЦИВИЛ. 

„Сметам дека јавноста треба да знае и се разбира да биде алармирана за една нова вест, најновата вест, веста на денот, а тоа е дека Никола Груевски конечно во својот омилен портал потврди дека одамна планирал оставка и дека и во своите говори уште на 15 октомври тој кажал, со различни изразни средства, дека размислува да поднесе оставка, но никој не го разбрал.

Ние го разбравме тоа и веќе на 12 ноември објавивме вест за тоа дека Никола Груевски планира да даде оставка. Неполни два часа по таа вест добивме демант од ВМРО-ДПМНЕ дека Никола Груевски останува лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, две недели подоцна Никола Груевски конечно признава пред својата партија и пред целата јавност дека планирал да даде оставка и дека тоа ќе го направи.

Тоа е една добра поента која доста добро зборува и за истражувачите во рамките на ЦИВИЛ Медиа. Меѓутоа, би сакал во име на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права, да ја алармирам јавноста за една друга поента.

Не смееме да се залажуваме со тоа дека Никола Груевски ќе поднесе оставка на челното место на партијата која ја води подолго време. Затоа што Никола Груевски, освен тоа што ќе поднесе оставка треба да поднесе и одговорност за низа обвиненија кои се документирани и кои се во процес и кои се започнати со Специјалното јавно обвинителство. Значи, тоа што тој можеби се договорил со некого или со некоја структура, а за тоа да добие извесни олеснувања, не би смеело да помине во јавноста. Ние очекуваме правда за сите дела и недела кои ги направиле сите кои се огрешиле од законот. Оттаму произлегува дека и Никола Груевски треба да одговара за тоа што го направил.

Тоа што ќе одговара пред судот на својата партија е една работа. Тоа, на крајот на краиштата, е интерна работа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го направил во земјата, на државата, во општеството, за тоа треба да се занимава со еден поинаков вид на институции“, вели Дерала.

Tags: ГруевскиодговорностоставкаЦивилЏабир Дерала
Share180TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ