• Latest

Оставки и одговорност од ДКСК и ДИК

December 12, 2017
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оставки и одговорност од ДКСК и ДИК

December 12, 2017 12:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКДК), секако, е една од институциите кои ја сочинуваа автократската машинерија на паднатата власт која ги зароби државата, општеството, економијата и медиумите, пишува во денешното соопштение на ЦИВИЛ за јавноста. 

ЦИВИЛ бара оставки и одговорност од членовите на ДКСК и ДИК.

Воедно, ЦИВИЛ бара од ДКСК, пред да поднесе оставка, да поднесе целосен извештај за трошењето на јавните пари од оваа институција, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 4 и член 12).

За да не дојде до недоразбирање, ЦИВИЛ не бара да се откриваат приватните податоци на членовите на ДКСК, но јасно и прецизно да се наведат збирните трошоци за плати на членовите на ДКСК, како и за хонорарите и бонусите во институцијата. Како и во случајот со ДИК, ЦИВИЛ бара ДКСК да даде податоци за патните трошоци во земјата и во странство, како и причините и резултатите од тие патувања, трошоци за репрезентација, сите јавни набавки и трошоци за комуникација во периодот 14 април 2015 до 12 декември 2017 година.

Колумнистот на ЦИВИЛ Медиа и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, д-р Сашо Орданоски, добро забележува дека оваа институција не работи ништо, освен што ги троши јавните пари. Поточно, речиси ништо, бидејќи ДКСК беше значаен дел од жестокиот, последен напад врз граѓанското општество, пред самиот крај на режимот на Никола Груевски. По налог на ДКСК, 22 организации беа нападнати во јавноста и беа подложени на апсурдни истраги од инспекциите на УЈП со единствена цел – да се изврши притисок и да се попречи работата на истакнати организации на граѓанското општество.

Во рамките на мониторингот на институциите и политичките партии во текот на изминатите години, ЦИВИЛ во континуитет објавуваше извештаи и анализи за партизираноста, нискиот квалитет на работата и сериозни злоупотреби и кршење принципите на транспарентност и законитост во повеќе институции во земјата.

Во таа смисла, ЦИВИЛ побара оставка од ДИК на 11 декември 2016 година, веднаш по затворањето на гласачките места на предвремените парламентарни избори кои се спроведоа на тој датум.

Следејќи ги индикациите за сериозни злоупотреби во ДИК, организацијата побара пристап до јавните информации по низа основи, вклучувајќи ги и бонусите, јавните набавки и патните трошоци. ДИК одби да ги даде податоците со образложение дека тоа не се информации од јавен карактер. По реакцијата на ЦИВИЛ и американскиот амбасадор, а најмногу од револтираната јавност, ДИК прво се обиде да се оправда, но потоа обелодени дел од податоците, почнаа и оставките. Тоа не е доволно!

Освен враќање на средствата од бонусите и оставките од сите членови на Државната изборна комисија, ЦИВИЛ бара одговорност за злоупотребите и незаконското работење. Паралелно со тоа, ЦИВИЛ бара од ДКСК веднаш да одговори на поставените прашања, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а веднаш потоа да поднесе оставка и одговорност.

Tags: ДИКДКСКзаконитостодговорностоставкатранспарентностЦивил
Share184TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ