• Latest

Забрзано решавање на спорот со името

December 13, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрзано решавање на спорот со името

December 13, 2017 11:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По првичните позитивни реакции од вчерашната нова рунда разговори за името во Брисел, одржана по пауза од три години, денеска грчките медиуми пишуваат дека е евидентно забрзување на процесот за надминување на спорот, но оти таквото раздвижување на меѓународен план може да предизвика сериозни проблеми во коалициската влада на премиерот Алексис Ципрас. 

Сајтот Ин.гр пишува дека по зголемените раздвижувања во однос на прашањето за името се зголемува и притисокот врз владата на Ципрас, а особено на неговиот коалициски партнер, Панос Каменос, од партијата Независни Грци, за изнесување јасен став по ова прашање.

Според Ин.гр, САД поставиле рок до летото да се најде решение, а во спротивно ќе следи влез во НАТО под референцата ПЈРМ. Сепак, тоа отвора прашање како Каменос ќе реагира доколку биде понудено комплексно име и дали би излегле од Владата, имајќи предвид дека тој досега остро се противеше зборот Македонија да биде содржан во името на северниот сосед.

„Катимерини“ ја пренесува изјавата на директорот за Дијалог за Југоисточна Европа при Универзитетот Колумбија, Давид Филипс, кој е поранешен советник во Стејт департментот во време на претседателите Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама, дека односите меѓу Атина и Скопје се во својот зенит и дека 2018 година е важна поради можноста да се дојде до решение што ќе биде од корист и на двете страни.

Според Филипс, ќе биде важно зајакнување на економските врски со Скопје, додека Алексис Ципрас ќе го зголеми својот меѓународен углед, бидејќи решението на проблемот ќе го зајакне суверенитетот на Грција во време кога Турција бара обновување на договорот од Лозана, а ќе ги подобри односите со Албанија и Бугарија.

Онлајн изданието „Еифимерида“ пишува дека нешто се движи во Скопје и дека забрзано се бара решение на проблемот со името. Првата половина на 2018 година е идеално време за решавање на проблемот со името, бидејќи во јуни и јули се одржуваат ЕУ и НАТО самити, на кои САД очекуваат да биде решена евро-атлантската интеграција на Македонија, но според „Еифимерида“, сето тоа е под претпоставка проблемот со името и ветото од Грција да бидат надминатини.

„Скопје може да има многукратна корист од геополитичките движења во регионот, што би резултирало со негова забрзана евро-атланстка интеграција“, објавува „Еифимерида“.

Медијаторот Метју Нимиц по вечерашната средба со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, изјави дека прашањето за името може и треба да биде решено следната година.

Според медијаторот, и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името. Најави дека преговорите ќе бидат интензивирани во наредниот период со нови средби во Њујорк во јануари, февруари и март.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БриселГрцијагрчки медиумиимеМакедонијаПреговори
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ