• Latest

Жбогар: Постои добра атмосфера за решавање на спорот со Грција

December 17, 2017

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жбогар: Постои добра атмосфера за решавање на спорот со Грција

December 17, 2017 12:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Има реална можност и очекувања во Брисел дека ќе напредуваме во односите догодина. Ги имате реформите кои мора да се завршат, што зависи целосно од земјата и го имате проблемот со името, кој исто мора да се реши. Гледаме прозорец на можности за решение следната година, кога и во двете земји нема избори“, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за ТВ 24.

„Секогаш е добро да се биде оптимист, отколку да сте депримирани и да кажете дека не можете да направите ништо. Секогаш подобро се завршува работата ако им пристапите на проблемите и предизвиците со оптимизам. Од таа гледна точка мислам дека премиерот има право. Има реална можност и очекувања во Брисел дека ќе напредуваме во односите догодина. Ги имате реформите кои мора да се завршат, што зависи целосно од земјата и го имате проблемот со името, кој исто мора да се реши. Кога ќе погледнете на спорот со името со Грција мора да сфатите дека еден од основните принципи на ЕУ се добрососедските односи. Веројатно, во иднина во стратегијата ќе бараме од сите земји во регионот да се фокусираат на добрососедските односи“, рече Жбогар.

Тој додава дека овде Владата започна добро да ги решава проблемите со соседите, потпишувањето на договорот со Бугарија, кој вели, беше добра одлука и сега се фокусирате да го решите спорот со Грција.

„Гледаме добра волја на обете страни за да се подобри атмосферата и таа се подобрува и таа ќе го олесни справувањето со ова чувствително прашање. Ги разбирам емоциите околу ова прашање, како и грижите и фрустрациите околу овој спор. Но, мора да се запрашате начинот на кој се справувавте со ова во минатото, дали ја зајакна државата? Дали државата доживеа прогрес? Ако одговорот е „не“, тогаш дали сега е шансата барем да се проба  да се реши проблемот. Шанса е зашто меѓу земјите – членки владее возбуда дека можеби можеме да ја придвижиме оваа земја напред зашто гледаме и ангажман и подготвеност од Грција, гледаме подобра атмосфера, и го гледаме овој прозорец следната година, кога никој нема избори, и можеби ќе може да се фокусира на ова прашање“, појаснува Жбогар.

Владата, посочува Жбогар, изгледа спремна за ангажирање во разговори и воедно додава дека нема гаранции дека тие ќе се успешни, но, вели, ако не се обидете нема да успеете.

„Среќата е на страната на храбрите, па мислам дека мораме да сме трпели и да видиме. Досега имавме само една средба, мораме да почекаме што ќе излезе од тоа, но, имаше една важна забелешка која ја спомна вашиот шеф на диппломатијата пред некое време: за да напредува вашата земја не може да ја заобиколи Грција, ниту без неа, туку само со активна поддршка на Грција. Ова е важна забелешка, потребна ни е активна поддршка од Грција за да напредувате. Потребна ви е Грција како пријател. Со ваквиот пристап не мислам дека треба да се компромитирате по важните прашања, тоа им го препуштам на вашите преговарачи. Но, ако се сфати дека со Грција, како сега со Бугарија е најдобриот начин за да се постигне напредок, е важно и е чекор напред кон решение на спорот“, порачува евроамбасадорот Самуел Жбогар.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БриселГрцијаимеПреговориреформиСамуел Жбогарспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ