• Latest

Катимерини: Високо ниво на комуникација меѓу Скопје и Атина

January 2, 2018

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Катимерини: Високо ниво на комуникација меѓу Скопје и Атина

January 2, 2018 10:54
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За проблемите во внатрешно-политичкиот живот на Грција, за очекувањата на Атина од Скопје, за можните решенија, за меѓународните притисоци, за ограничениот временски период за решение, но и за одличната комуникација меѓу Македонија и Грција во изминатите шест месеци, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во анализата под наслов „Тешките чекори кон решение на македонското прашање“, се вели дека последните несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, по првпат на површина ги извадија тешкотиите што треба да се надминат во Грција во насока на постигнување компромис за името.

И „Катимерини“, исто како и весникот „Елефтерос типос“,  како што веќе објави МИА во неделата, предупредува за зголемување на меѓународните притисоци .

– Се очекува да се зголемат притисоците од меѓународните фактори, кои сакаат брзо решавање на разликите околу името, пред сѐ Американците, но и Европејците (особено Германците) за да се деблокира евро-атлантската перспектива на само на Скопје, туку и на останатите земји од Западен Балкан, кои се изложени на ризик од дестабилизација или од руско влијание, пишува „Катимерини“.

Во однос на билатералните односи меѓу Македонија и Грција, весникот коментира дека нивото на комуникација меѓу Атина и Скопје во последните шест месеци е особено високо, директно и на повеќе нивоа. „Катимерини“ го споменува она што веќе извесен период доста често е дел од анализите на грчките новинари дека Атина гледа добра волја во реториката на Заев, но, во исто време очекува и конкретни и практични постапки, како промена на името на скопскиот аеродром или на автопатот со што во пракса би се покажало отфрлањето на иредентизмот.

– Реалноста е дека овие потези, политички, се релативно едноставни за Владата на Заев, коментира „Катимерини.

Во однос на можното решение, во анализата се наведува дека името ќе соддржи одредница заедно со терминот Македонија, а не е познато дали ќе биде „Нова Македонија“, „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ или како што пишува „некое друго решение кое специјалниот претставник на ОН Нимиц, веројатно би го извлекол од неговата шапка“.

„Катимерини“ во анализата, потсетува дека кај нас за евентуалното решение ќе се оддржи референдум и коментира дека токму поради тоа, македонскиот премиер ќе треба, ако не да создаде нови, тогаш барем да ги задржи сојузништвата за да биде одобрен договорот во период кога, како што пишува весникот, „националистичкото ВМРО, се уште заздравува од падот. “

– Времето за решавање на спорот со името е ограничено од фактот што по летото практично и двете земји навлегуваат во изборни циклуси. Изборите, барем оние закажаните, и во Атина и во Скопје ќе се одржат во 2019, пишува „Катимерини“, пренесува МИА.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаГрцијаЕлефтерос типосКатимериниМакедонијаМетју НимицОНСКОПЈЕспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ