• Latest

Бутарис: Прашањето за името излезе од колосек поради глупостите на политичарите

January 3, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бутарис: Прашањето за името излезе од колосек поради глупостите на политичарите

January 3, 2018 12:32
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Глупостите на политичарите, според солунскиот градоначалник Јанис Бутарис се „виновни“ што, како што вели „прашањето за името излегло од колосек“. Тој во интервју за радиото на грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, изјавува дека е Македонец, а ја коментира и приватната посета на Солун на македонскиот премиер.

– Поголем Македонец од мене не постои поради потеклото. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сѐ, вели градоначалникот на Солун во интервју за радио „Практорио фм“, на грчката новинска агенција. Оваа изјава веројатно се однесува на Грците кои се самоопределуваат како Македонци, а не на Македонците од Македонија.

За прашањето за името, јавува дописникот на МИА од Атина, Бутарис коментира дека излегло од колосек поради глупоста на политичарите.

– Прашањето за името излезе од колосек, чисто поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, објаснува солунскиот градоначалник во интервјуто.

Во однос на средбата со македонскиот премиер и приватната вечера во Солун на ден пред дочекот на Новата година, Бутарис вели дека со соседите потребно е да постојат добри односи.

– Имавме планирано приватна вечера. Го поканив да ја пречека Новата година во Солун. Неговиот брат и неговите пријатели, секоја седмица се во Солун. Она што го финализиравме е да работиме на спуштање по Вардар, во некој момент во април. Можеби ќе имаме и заеднички екипаж. Второ, се договоривме да правиме културни размени што ќе вклучуваат танц, музика и предавања. Еднаш во Скопје, еднаш во Солун. Разговаравме и за една стипендија што ќе ја даде општина Солун, вели Јанис Бутарис, пренесува МИА.

Солунскиот градоначалник објаснува дека со трговската и индустриска комора, во Скопје прв пат биле во 1991 и оттогаш постојат редовни посети во рамки на кампањата „Дипломатија на градовите“.

Јанис Бутарис и Зоран Заев, во саботата имаа заедничка, приватна вечера во солунски ресторан.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЗоран ЗаевЈанис БутарисМакедонијаполитичариСКОПЈЕСолунспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ