• Latest
Добро утро со Орданоски

СДСМ е црква за сенародна молитва

January 10, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

СДСМ е црква за сенародна молитва

January 10, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Би сакал да го информирам СДСМ дека од тетката на соседот на золва ми сум слушнал оти во едно село околу Битола (да не беше Кичево или Драчево?!), наводно, колку и да звучи неверојатно – а луѓе ми се колнат дека е така – постои ЕДЕН човек кому таа партија не му се допаѓа!

Јас не знам како е тоа можно, кој било, еден-единствен да е, а да не го сака СДСМ?! Бидејќи, откако дојдоа на власт, партијата направи сѐ што е во земна, надземна и, особено, подземна моќ да им се допадне на сите во Македонија, во соседството, во регионот, на континентот, во светот, па и пошироко.

Во тој напор, тие не познаваат ограничувања ниту пречка што не може да се надмине: политичките противници ги ценат многу повеќе од своите истомисленици; верниците ги сакаат неспоредливо повеќе од атеистите кои ги негуваат далеку подобро од богомолците; конзервативците ги чуваат три пати повнимателно од либералите кои им се при срце; со патриотите се натпреваруваат во патриотизам што ги надминува и највлажните патриотски соништа; невработените ги молат да се вработат на место на вработените за кои нема откази; за гладните од уста би одвоиле, а на ситите уште еден залак би им додале; на синдикалците К-15 им делат, на олигарсите тендери, на рекетарите фирми за обезбедување, на веледрогеристите нови лиценци за старите пакувања, на писателите и скрибоманите награди и признанија, на пропагандистите уште пари, на новинарите од рака им јадат, на Албанците на гради им спијат, пред странците се постилаат, на претседателот му се поклонуваат… За десните се подесни, за левите – уште полеви, што во полн круг опасно се приближуваат до крајно десните; за сиромашните се добродетели, за богатите се доброчинители; ако се гушите ќе ви дадат бесплатен превоз, ако пушите ќе ви дадат прочистен воздух…

СДСМ стана и црква и џамија и авра и капела во која има иљач за секого и молитва за сите! МПЦ и ИВЗ можат вода да им носат – а и за тоа СДСМ ќе ги обезбеди и цистерните и превозот и поздравниот говор.

Очекувам за Водици, Владата, преку специјално отворени општински канцеларии, бесплатно да дели корита и пластични турски легени за секој да може дома, без разлика на верската или неверската припадност, да си го фрли крстот во вода, да го фати, а потоа да добие државен телевизор за награда на којшто ќе може да ја следи програмата на МТВ за Велигден, Бајрам, Рамазан Бајрам, Ѓурѓовден и Видовден.

Тоа во политиката, како што е познато, се нарекува популизам. Помешан со конзервативизам и персонализам. Кај нас, пред да пропадне, се викаше Груевизам. Во социјализмот се нарекуваше комунизам: секому според потребите, од секого според можностите, минус верска настава. На минатите избори луѓето масовно гласаа за сдсизам – „Живот за сите!“ – а животот како плима ги подигна сите чамци, особено глисерите на оние кои гласаа против тоа.

Под вода, удавени, останаа приврзаниците на политичкиот идиотизам, односно некои интелектуалци, атеисти, вечни критичари и критизери, на кои оваа политика не им се допаѓа. Тие и денес инсистираат на критериуми, на стандарди, на реформи, на закони и правила, а некои, замислете, дури се дрзнуваат да потсетат дека македонската држава, според Уставот, да ти била секуларна! Срамота.

Какви злобници: сигурно барале пари, позиции и привилегии, а не им се дале! Па сега изигруваат принципиелни критичари, како на власт во Македонија сѐ уште да е Фамилијата, кога за секого имаше цена, попуст, распродажба, субвенција, поволни кредити и програми за лојалност, во кои не учествуваа само будалите кои помогнаа СДСМ да дојде на власт.

Јас мислам дека на таквите, дури и ако бараат, сега да не им се дадат државни корита за Водици, да нема каде да го фрлат и да го фатат крстот, и да останат без телевизори. И да видам, после, на што ќе ја гледаат програмата на МТВ за Велигден, Бајрам, Рамазан Бајрам, Ѓурѓовден и Видовден.

Убаво. Ова е Планот А. Кој сѐ повеќе наликува и на План Б.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: груевизамкомунизамМТВпопулизамСДСМцркваџамија
Share827TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ