• Latest

ВМРО – здодевна и патетична, деструктивна и грда

January 28, 2018
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

ВМРО – здодевна и патетична, деструктивна и грда

January 28, 2018 15:30
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Невини луѓе политички се држат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина“ – е насловот на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од 28 јануари 2018. Одамна е здодевна оваа патетика и спин, тоа го гледаат сите, а најмногу оние што се притиснати да излегуваат на протестите кои јасно ја покажуваат колку (нема) поддршка за Груевски и неговите марионети во партијата.

Пишува: Џабир Дерала

Повторно се набројуваат дел од притворените лица, осомничени за терористичко загрозување на поредокот, со дивјачкиот напад на Собранието на 27 април 2017, кога напаѓачите се обидоа да убијат пратеници и политички лидери.

„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот. Ниедна демократска земја не се дрзна да ги обвини за тероризам само заради протест во кој гласно го изразуваат своето несогласување со разнебитувањето на Македонија. Притворените не се терористи туку патриоти, чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија“ – се вели во соопштението.

Тоа што смрди во оваа логика е дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги изедначи актите на тероризам со протести на улица. Така и се однесуваше со десетиците илјади студенти, средношколци, работници, граѓанки и граѓани, кои протестираа против диктатурата на Груевски во изминатите неколку години, пред тој и неговата клика да паднат на колена.

„Република Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото“ – вели ДМПНЕ, крадејќи го вокабуларот на оние што ја оценија токму нивната власт.

Да не се лажеме, можеби ДПМНЕ е патетична и здодевна, но затоа извесно е и дека оваа структура е деструктивна, насилничка и грда, од чие владеење и сега и уште многу долго ќе ги трпиме последиците.

„Невини луѓе, без никаква правна основа, политички се држат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина“ – велат упоритите партиски пи-ар апаратчици. Сигурно и самите добро знаат што значи да се биде невин, прогонет и затворен. Прогонуваа и затвораа новинари, интелектуалци, активисти, бизнисмени, па и политичари со години. Прогонуваа, затвораа и убиваа. Само затоа што некои луѓе се осмелиле да мислат и говорат поинаку од криминалната клика. Кога ги пишуваат овие соопштенија како да се опишуваат себе си: „Органите на прогонот се користат за монтирање на судски случаи и пресметка со сопствените граѓани кои мислат поинаку од власта.“

Карамба и карамбита!

„Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Токму затоа треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата“ – бара ДПМНЕ. Зошто? Затоа што постои основано сомнение дека извршиле терористичко загрозување? Затоа што целиот свет виде како тепаат и се обидуваат да убијат пратеници? Затоа што кршеа опрема на новинарските екипи и ги тепаа? Затоа што повикуваа на крв и граѓанска војна? Затоа што ширеа и сѐ уште шират омраза и поделби? Ако тоа е патриотизам, тогаш не треба, туку мора да бидат ослободени.

„Државата има потреба од силни и независни институции – кои ќе ги штитат граѓаните и нивните права. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено.

Република Македонија итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка на тој пат“ – завршува ова соопштение. Е, со тоа сите се согласуваме. Но, тоа значи дека мафијашите, насилниците и екстремистите треба да одат в затвор. И оние што сѐ уште се на слобода.

 


објавено во Плусинфо

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕГруевскизатворнасилство диктатураомразаподелбиСобраниетерористичко загрозување
Share142TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ