• Latest

Протест и контрапротести во Атина во недела, на 4 февруари

February 1, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест и контрапротести во Атина во недела, на 4 февруари

February 1, 2018 10:49
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Солун кажа, сега е редот на Атина да викне: Македонија е една и е грчка, порачуваат организаторите на протестот закажан за в недела, во официјалниот видео спот објавен на социјалните мрежи.

Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на атинскиот централен плоштад, пред грчкиот парламент.

„Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в недела, на 4 февруари, сите на плоштадот Синтагма на пладне. Таму, пред парламентот ќе ја изразиме нашата желба. Не за терминот Македонија во името на соседите, не за иредентистичките членови во Уставот на Скопје. Солун кажа, на ред е Атина да викне: Македонија е една и е грчка“, повикуваат организаторите преку видео спотот, објави МИА.

На социјалните мрежи се објавуваат информации за сите граѓани што од цела Грција сакаат да присуствуваат на протестот во Атина, листи со автобуси со возен ред од секој грчки град, лица за контакт и цени, доколку превозот не е бесплатен. Цените се со попуст во однос на регуларните автобуски билети, а ист е случајот и со цените на билет за траект од Крит. На Грците од овој грчки остров им се нуди 50 отсто попуст. Според организаторите, од Солун за Атина, на секои 5 минути ќе тргнува по еден автобус.

Очекувањата во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, се дека протестот во недела, може да биде многу помасовен од оној во Солун одржан на 21 јануари. Според официјалното соопштение од грчката полиција, тогаш на улиците во грчкиот град излегоа 90 илјади граѓани, нешто што предизвика реакции како од медиумите, така и од организаторите дека официјалните власти соопштиле значително помал број од вистинскиот. Организаторите очекуваат дека во недела, во Атина ќе се соберат над милион граѓани.

Во поширокиот дел на центарот на Атина, на околните улици што водат кон грчкиот Парламент и плоштадот Синтагма, организаторите ќе постават звучници.

До сега, протестот јавно го поддржаа: Грчката православна Црква, политичките партии Нова демократија, Независни Грци и Сојуз на централисти, грчкиот композитор Микис Теодоракис, но и Сојузот на општини во Грција.

ГПЦ, во недела ќе учествува со тројца претставници, митрополити членови на Светиот синод, кои на граѓаните ќе им го прочитаат соопштението и одлуката на Синодот за неприфаќање на терминот Македонија и изведените зборови во името, но и црковниот аспект на целото прашање.

Пратеници од опозициската Нова демократија, јавно, преку грчките медиуми, порачаа дека со нивното учество во центарот на Атина, ќе му дадат поддршка на протестот.

Коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос, рече дека членовите на неговата партија како слободни граѓани ќе учествуваат во протестот за „Македонија“ затоа што грчките граѓани „ги изразуваат националните позиции и им помагаат на преговорите“. Тој во недела, меѓутоа, нема да биде во Атина и затоа нема да присуствува, но неговото семејство ќе биде на протестот.

Грчкиот композитор Микис Теодоракис ќе биде централниот говорник на протестот, откако ја прифатил пораката на организаторите и или директно или преку снимена порака ќе им се обрати на граѓаните.

Контра протест и собири во сабота вечер

Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите подготвуваат контра протест, односно антифашистички собир. Официјалниот почеток е закажан за 12 часот, два часа порано од оној за „Македонија“.

Двата протести, според медиумите кај јужниот сосед, го вклучија алармот во грчката полиција. Постои страв, загриженост, но и зголемена раздвиженост кај полицијата за се избегнат евентуални инциденти.

Дополнителна загриженост создаваат и двете паралелни демонстрации закажани за сабота вечер. Едниот од Златна зора, другиот од анархистичка организација.

Членовите на ултра националистичката партија во сабота во 19 часот, повикуваат на протест пред нивниот штаб, за да им одадат почит на загинатите пилоти од грчкото воздухопловство во инцидентот на островот Имија во 1996 година, но собирот ќе биде и за „Македонија“.

-Оваа година, настанот, освен за сеќавање на Имија, ќе испрати и силна порака: Македонија е само грчка, соопштуваат од Златна зора во најавата за протестот.

Антифашистичкиот собир е закажан за местото на кое е се наоѓа споменикот на загинатите војници, онаму каде што најчесто, како што покажува искуството од минатите години, завршува протестот на Златна зора, што започнува од централните канцеларии на партијата.

Извор: МИА

 [divide]

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Tags: ГрцијаимеМакедонијаПротестиспор
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ