• Latest

Грчките медиуми и забележуваат на Меркел за пречекот на македонскиот премиер

February 22, 2018

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчките медиуми и забележуваат на Меркел за пречекот на македонскиот премиер

February 22, 2018 11:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во сите свои денешни извештаи и анализи за вчерашната средба во Берлин меѓу канцеларката Ангела Меркел и македонскиот премиер Зоран Заев грчките медиуми акцентот го ставаат врз оптимизмот на Меркел за можноста за изнаоѓање решение на прашањето со името, но и за употребата на уставното име.

Изнесените ставови од Меркел и Заев на прес конференцијата се најдоа во сите медиуми во Грција, без разлика дали станува збор за весници, портали или телевизии, јавува дописникот на МИА од Атина.

„Меркел провоцира, му посака добредојде на ’македонскиот“ премиер’; „Меркел: Најблиско до решение од било кога до сега“;„Меркел најави решение и го крсти Заев, Македонец“; „Меркел со Заев: Никогаш поблиску до решение“, се само дел од насловите на текстовите објавени во денешните изданија на весниците, на насловните страници.

Заев Меркел Та неа

„По средбата со скопскиот премиер Зоран Заев, канцеларката на Германија, Ангела Меркел, направи проценка дека за разликата за името меѓу Грција и ПЈРМ никогаш во последните 10 години решението не било толку блиску колку што е денес“.

„Госпоѓата Меркел изрази оптимизам, додека, пак, господинот Заев потенцираше дека ПЈРМ придава особено значење на германската поддршка за геополитичките цели на неговата земја. Скопското прашање, утре, ќе се најде на агендата разговори на Меркел и Алексис Ципрас“, пишува „Катимерини“.

Средбата Меркел –Заев, беше дел и од централните изданија на вестите на грчките телевизии.

Заев Меркел грчки медиуми

„Канцеларката Меркел со почести го пречека Заев како македонски премиер, средба на која што ѝ претходеше  телефонски разговор со Алексис Ципрас“, објави грчката телевизија „Стар“.

Новинарката од грчката телевизија „Антена“, прилогот за средбата во Берлин, насловен „Меркел го решава (и) скопското прашање“, го започна со изјавата на германската канцеларка на почетокот од прес конференцијата, каде што вели дека се радува што може да го поздрави во Берлин, македонскиот премиер Зоран Заев.

-Зоран Заев со задоволство ја слушна канцеларката Меркел, не само дека го признава неговиот македонскиот идентитет, туку и дека гледа решение, коментираше новинарката во прилогот на „Антена“.

Употребата на фразата „македонски премиер“ од Меркел, ја коментираше и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упатувајќи критики до грчката влада.

Меркел Заев твит кумуцакос

„Меркел до Зев на средина од преговорите за името: Добредојде во Берлин за македонскиот премиер. Заклучок: Исклучително ефикасна и убедлива дипломатската активност на владата“, напиша Кумуцакос на неговиот твитер профил, пренесува МИА.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЗаевМедиумиМеркелреакциисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ