• Latest

Итни препораки за изборниот систем (1)

February 28, 2018

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Итни препораки за изборниот систем (1)

February 28, 2018 07:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ спроведува мониторинг на изборите на дел од територијата на Република Македонија од 2008 година и ги следи изборните процеси низ целата земја од 2011 година. Во текот на сите тие години, нашите набљудувачи слушнаа сведоштва од илјадници граѓани кои беа спречени да го остварат нивното право на глас поради голем број проблеми, а во многу случаи биле и непосредни сведоци на овие проблеми. Како дел од нашата работа, тимот на ЦИВИЛ работи и со подносителите на претставките за пристап до соодветните институции, пред сè Државната изборна комисија (ДИК) и Општинските изборни комисии (ОИК), и го следи напредокот на приговорите во системот. ЦИВИЛ ги упатува овие препораки до Владата, институциите, партиите, медиумите, граѓанското општество и целокупната јавност.

Препораките се добронамерни разумни и конструктивни критики.

Она што следи во продолжение се препораките за кои веруваме дека ќе им бидат од корист и помош на релевантните институции за адресирање на најчестите прашања кои постојано ги спречуваат гласачите да ги остварат своите права. Овие препораки се комплементарни со оние на ОБСЕ/ОДИХР и Извештајот на Прибе. Повеќето од овие препораки се веќе презентирани на јавноста и на институциите во државата во минатото, но, сепак, многу малку досега е сторено за нивна имплементација.

1. Државна изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Македонија и сите нејзини тела мора да се реформираат, решително и бескомпромисно. Крајната задача на ДИК мора да биде осигурување дека изборниот процес е фер и законски, како и да се заштити правото на сите граѓанки и граѓани на земјата.

Пред да се воведат нови реформски мерки, мора да се истражи однесувањето на ДИК во периодот од 2015 до 2018 година и мора да се преземе законска одговорност. Во случај на очигледна и докажана злоупотреба на јавните ресурси и корумпирано или некомпетентно одлучување, одговорните страни треба да бидат санкционирани. Како што се откриваат нови случаи на корупција и нефункционалност, ние ќе ги проучуваме и ќе развиваме понатамошни препораки за потребните реформи.

*

ДИК мора да стане тело на квалификувани, независни експерти со обуки според меѓународни стандарди за демократија и човекови права – а не претставничко тело на најголемите политички партии во земјата.

Бројот на членовите на ДИК мора да биде намален на седум члена. Очигледно е дека решенијата во Договорот за надминување на политичката криза (Пржинскиот договор) се делумни. Потребни се одржливи и квалитетни решенија со цел да се надминат долгогодишните општи недостатоци на системот.

Правното одделение на ДИК мора да биде обучено и професионализирано. Истото се препорачува и на сите други оддели на ДИК.

Мора да се воведат и доследно да се спроведат правни мерки за спречување и санкционирање на политичкото влијание и мешање. Неказнивоста и политичкото договарање околу одговорноста на највисокото тело на ДИК мора да заврши еднаш и засекогаш.

Сите одделенија и тела на ДИК мора да бидат намалени, а работните места да бидат дефинирани со прецизни описи, одговорности и овластувања на вработените во ДИК, а секако да бидат и јавно објавени.

На општинските изборни комисии (ОИК) треба да им се овозможи да функционираат без оглед на финансиската состојба на општините и треба да бидат финансирани од државата.

Членовите на ОИК треба да бидат независни, обучени експерти, а не претставници на политички партии или политички интереси.

Општинските изборни комисии не смеат да останат само уште едно место за партиско вработување. Мора да им биде овозможено да ја зголемат својата ефикасност, одговорност и транспарентност. Во исто време, ОИК мора да бидат намалени до рационални пропорции.

Членовите на избирачките одбори во многу наврати покажаа тотално незнаење и го прекршија Изборниот законик и процедурите за време на изборите. Во иднина, ДИК мора да воведе поефикасна и потемелна обука на Избирачките одбори, врз основа на пракса и наоди од мисиите за мониторинг на изборите и приговорите на граѓаните.

Пристапноста на избирачките места мора да стане реалност, а не декларативен став. Повеќе од една третина од избирачките места во земјата не се достапни за лицата со посебни потреби. Владата и ДИК треба да ги идентификуваат сите избирачки места со прашањата за пристапност и да ги направат 100% достапни.

Изборниот материјал (гласачки ливчиња, насоки, итн.) мора да биде разбирлив и достапен за сите, вклучувајќи ги и лицата со оштетен вид.

Родовата рамнотежа треба да стане цврст критериум. Секаде каде што бројот на членови на некоја структура е непарен, процентот треба да биде во корист на женските членови, почнувајќи од составот на членовите на Комисијата.

(продолжува)

 


Овој прилог е дел од препораките објавени во публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, која пред јавноста беше претставена на 15 февруари 2018. Поголем дел од препораките со години се презентира во јавноста и се доставува до институциите.

Публикацијата може да се преземете ТУКА. Преобјавување на публикацијата или делови од неа не се дозволени, освен со писмена дозвола од издавачот. 

Tags: владаДИКИзборенн законикизбориизменинеефикасностпартизираностпартиипрепоракиреформи
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ