• Latest

Итни препораки за изборниот систем (2)

March 2, 2018

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Итни препораки за изборниот систем (2)

March 2, 2018 12:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во последниве години, ЦИВИЛ јавно ги елаборира препораките и во домените на финансирање на политичките партии и изборните кампањи, медиумите и граѓанското општество, како и околу ревизијата на Избирачкиот список. Организацијата ќе продолжи со своите напори да нуди квалитетни решенија во однос на овие прашања и предизвици, во соработка со експертската заедница и релевантни институции и организации.

1.Реформи на изборниот систем: една изборна единица; отворени листи; дијаспора; намалување на обемот на парламентот

Македонија треба да стане една изборна единица. Со спојувањето на сите шест изборни единици во една, системот ќе обезбеди повеќе можности за помалите политички партии и различни заедници за да се натпреваруваат за застапеност во парламентот. Ова ќе придонесе кон надминување на доминацијата на само неколку големи политички партии на политичката сцена и ситуација во која помалите политички партии немаат друга опција освен да влезат во коалиција во која служат исклучиво како бројка, без можности соодветно да ги претставуваат оние кои ги избрале. Ова, исто така, ќе ги олесни компликациите околу различниот и непропорционален број на гласачи во изборните единици, како што е случајот со години наназад.

Се залагаме и за отворени листи, за гласачите да имаат поголема контрола врз тоа кого ќе го изберат на функција. Овие решенија веќе подолго време ѝ се презентиараат на јавноста, но се игнорирани од страна на владејачките партии. Изборниот модел на Република Македонија веќе неколку пати претрпе измени, но никогаш не се земени предвид решенија кои би воделе кон застапеност на сите заедници и на помали политички партии, каков што е моделот според кој целата земја би била една изборна единица. Во исто време, отворените листи на кандидати ќе обезбедат поголема демократија во рамките на политичките партии, а што е уште поважно, ќе ја зголемат одговорноста на пратениците.

Гласањето на дијаспората мора да се редефинира за да се обезбеди вредноста на гласот од дијаспората да биде еднаков на оној на гласачите во земјата. Најефикасниот начин да се постигне ова би било да се претвори Република Македонија во една изборна единица, во која што и дијаспората би гласала. Земјата е премногу мала за нејзините 120 пратеници. ЦИВИЛ веќе одамна има предложено намалување на собранието на 90 пратеници. Ние предлагаме конкретни решенија со едноставни и јасни мерки кои мора да се земат предвид за да се елиминираат сериозните недостатоци на изборниот систем. Секако, свесни сме дека се потребни политичка волја и доблест за нивно усвојување и спроведување.

2.Едукација на гласачите

Државните и локалните власти, предводени од страна на Државната изборна комисија, а во соработка со релевантни граѓански организации и медиумите, треба да работат на едукација на гласачите на одржлив и ефикасен начин. Семејното и групното гласање, политичката корупција, заплашувањето и притисоците може да се намалат, ако гласачите се свесни за своите права и ако имаат основни информации во однос на постапките за пријавување и поднесување жалби. Кампањите за јакнење на јавната свест се често одвоени од реалноста и вистинските потреби на гласачите. Граѓанската едукација и кампањите треба да се спроведуваат на долгорочна основа и треба да бидат реални, разбирливи, мерливи, одговорни и ориентирани кон резултати. Граѓанската едукација ќе ја потенцира праведноста, а ќе ја намали конфузијата и ќе превенира бројни компликации кои настануваат поради недостаток на знаење за процедурите и стандардите. Не секогаш мора да чинат многу (како досега), но треба да станат дел од политичката култура на општеството.

3.Злоупотреба на деца и малолетници за политички цели

Злоупотребата на деца и малолетници се евидентира во сите изборни процеси во земјата и се врши од страна на сите политички субјекти во земјата. Ова мора са престане! Во текот на овие и претходните избори, нашите набљудувачи беа сведоци и поднесоа извештаи во однос на тоа како децата се користат како реквизити за време на политичките кампањи и врз кои наставниците вршат притисок да бидат присутни и да учествуваат на политички митинзи. Од претходни избори слушнавме бројни жалби за тоа дека децата ги прашувале за политичката наклонетост на родителите и дека биле пратени да вршат притисок на своите родители да гласаат на одреден начин. Политички партии и поединци кои ги користат децата или малолетниците за политички цели, мора да се соочат со правни последици за овој вид престап. На училиштата и советите на родителите треба да им се овозможи да дејствуваат превентивно против ваквите практики. Секој наставник, административец или функционер кој ќе врши притисок врз учениците за политички цели треба да биде строго санкциониран за ваквата активност.

4.Купување гласови

Поткупот на гласачи е забранет со закон, но ние на секои избори, вклучувајќи ги и локалните избори во октомври 2017 година, откриваме дека овие забрани не се доволни за да се спречи ваквата пракса. Според членот 162 од Кривичниот законик на Македонија, кој се однесува на изборен поткуп, сите ветувања за подароци или други бенефиции во замена за гаранции на однесувањето на гласачите се казниви со казна до пет години затвор. Сепак, кривичниот законик, исто така, содржи одредби со кои се минимизираат случаите на поткуп, наведувајќи дека “ако добивката е со помала вредност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затворска казна до една година”. Ние веруваме дека ваквиот јазик ја поткопува сериозноста на проблемот со поткуп и истиот мора да се промени. Исто така, проблематична е одредбата во кривичниот законик каде стои дека ако “правно лице” се вклучи во поткуп, случајот ќе се реши со парична казна. Значи, ако претставник на некоја институција, организација на граѓанското општество, компанија или политичка партија го стори кривичното дело купување гласови, санкцијата е парична казна. Овој став од законот треба да биде избришан или модификуван со цел да претставува посериозна закана за овој вид на кривично дело. Покрај ревизија на Кривичниот законик и соодветните регулативи, препорачуваме да се спроведе кампања за информирање на јавноста за случаите на поткуп и многуте форми во кои може да се појави. Можно е поголемиот дел од македонските граѓани да не знаат дека и тие можат да бидат прогласени за виновни за мито, затоа што побарале бенефиции во замена за нивниот глас. Од суштинско значење е сите граѓани темелно да се запознаат со оваа тема и да имаат пристап до механизми за пријавување случаи на поткуп на гласачи.

5.Кршење на изборниот молк

Потребно е обновување на обврската за почитување на изборниот молк за сите политички партии. На сите избори кои ЦИВИЛ досега ги следеше, забележавме флагрантно кршење на законски предвидениот 24-часовен период на предизборен молк кој треба да им претходи на денот на изборите, како и на самиот ден на гласањето. Локалните избори одржани на 15 и 29 октомври 2017 не беа исклучок. Ги набљудувавме повредите од сите страни и ги поттикнувавме сите политички партии да го почитуваат законот и да престанат со изборната кампања за време на изборниот молк. Со оглед на тоа дека граѓаните на Македонија се свесни дека овој период на изборен молк е регулиран со закон, неговото прекршување служи само за влошување на довербата во изборните процеси. Она што особено загрижува се социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, како и многуте интернет страници со нејасна или никаква очигледна сопственост на кои во текот на изборниот молк се спроведува интензивна и остра кампања.

Институциите мора да преземат конкретни и одлучни мерки за спречување и санкционирање на кршењето на изборниот молк. Тие, исто така, мора да креираат и  спроведат кампањи за подигање на свеста за да објаснат дека повредите од овој вид ја нарушуваат легитимноста на изборниот процес и го намалуваат кредибилитетот на политичките партии што ги извршуваат ваквите активности. Државната изборна комисија (ДИК) треба да изнајде уште повеќе механизми за пријавување на кршењето на изборниот молк за граѓаните. Особено ако луѓето можат да докажат дека овие прекршоци се случиле, со доставување на фотографски или видео доказ, нивните приговори мора да се сфатат сериозно и заслужуваат целосен одговор.


Овој прилог е дел од препораките објавени во публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, која пред јавноста беше претставена на 15 февруари 2018. Поголем дел од препораките со години се презентира во јавноста и се доставува до институциите.

Публикацијата може да се преземете ТУКА. Преобјавување на публикацијата или делови од неа не се дозволени, освен со писмена дозвола од издавачот. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизборен молкизборен системлокални изборипартиски целипрепоракиПубликацијареформи
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ