• Latest
Добро утро со Орданоски

Ни требаат луѓе што ќе гризат

March 7, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ни требаат луѓе што ќе гризат

March 7, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]олективните оставки во Државната комисија за спречување на корупцијата наидоа на рамнодушен прием во јавноста. Како кога ќе отворите стара тегла со кисели краставички: устата, инстиктивно, ви се собира од самото сеќавање на киселкастиот вкус на краставичките, иако знаете дека овие се омекнати, со поминат рок на траење, за фрлање. Не ги жалите.

И овие од ДКСК беа одамна скиселени, за фрлање.

Симптоматично е што никој во јавноста нешто посебно не се претргна да ги земе во заштита нашиве неславни антикорупционери. Обично, да беа навистина политички притисоци во прашање, барем некоја ќорава амбасада или некоја подзаспана невладина организација ќе се јавеше со збор-два протест… Ништо. Дури и ВМРО-ДПМНЕ си има поважна работа.

До сега, најзрела е изјавата на членот на Комисијата Сејди Халили кој си поднесува оставка додека, практично, ги читате овие редови: „Оставката не доаѓа само од притисокот (на јавноста), туку поради тоа што сакаме да отвориме пат за новите сили, луѓе и политки. (…) Според мое мислење, сите би требало да си дадеме оставка, да се објави конкурс или тоа да го реши новата влада. Треба да се избере нов состав, за да се борат против корупција на свој начин.“

Оваа изјава е многу подостоинствена од калкулантството „во заминување“ на последниот (Игор Тантуров) и на оној пред него (Горан Миленков) претседатели на Комисијата, кои во своите оставки наведуваат дека се повлекуваат „од здравствени причини“. Единствените здравствени потешкотии на кои јас можам да се сетам во врска со овие двајца е дека со години ги болеше таквоото за состојбата со корупцијата во земјава. Можно е таа болка во препоните толку да се зголемила, што станала неиздржлива; а можно е и оваа формулација да има врска со правната основа за барање апанажи што треба да им ги одобри надлежната собраниска комисија што ја претседава Илија Димовски. Најверојатно ќе си плаќаме уште цела година за нивната препонска болка, оти многу истоштени и потресени си заминуваат од високите функции, па не се во состојба да си најдат работа за приходи без апанажа.

А Халили е во право: на Македонија ѝ треба нова политика, нова борба со корупцијата во државата. Бидејќи, просто е неверојатно како и новите генерации на трошачи на јавните пари, овие што едвам се навлезени во некоја трета деценија од животите, а седат по државни канцеларии, веќе имаат развиено чувство дека државата им е омразена маќеа што треба да се одере додека се може, оти секако оние по нив, како и оние пред нив, тоа не пропуштаат да го прават.

Затоа, изборот на новата Антикорупциска комисија мора да биде направен со мерки за „специјален надзор“, со можност секој нејзин член добро да се протресе, пред да добиеме некакви квалификувани анонимци кои би заминале на некаков, партиски, заслужен одмор во ДКСК.

Предлагам, покрај собраниската процедура, и невладиниот сектор од оваа област да направи некаква анкетна комисија на која ќе ѝ биде овозможено да ги распраша новите антикорупционери за нивните минати активности и идни намери во оваа сфера. Просто, толку да ја подигнеме цената за членувањето во тоа независно контролно тело, што само најмотивираните и најдобрите да можат да поминат. Па да видиме, потоа, дали ќе гризат.

Tags: ДКСКИгор ТантуровскиКорупцијаоставки
Share222TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ