• Latest

Вемерото спрема нов 27 април

March 12, 2018
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Вемерото спрема нов 27 април

March 12, 2018 11:24
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дека Груевски сѐ уште ги влече конците во својата партија е вчерашна вест и нема што да се расправа околу тоа. Вчерашна вест е и фактот дека општеството и институциите на државата сѐ уште се под силна окупација на претходната режимска банда, почнувајќи од правосудството, завршувајќи со јавните претпријатија, инвеститори, изведувачи и подизведувачи по сите ќошиња на системот, и оние што имаат смисла и оние што имаат апсурдни (дис)функции.

Пишува: Џабир Дерала

Вемерото е коалиционен партнер во власта на различни начини, дури и формално – преку својот огранок наречен ДУИ. И лесно му е на ова Груево вемеро, недопрено од Сваровски судството, да продава стари финти и да ја тресе владата како што ќе му се присака.

Добро се сеќаваме како несмасната, но не помалку манипулантската, декларација на партиите кои се претставуваат како албански, успешно ја спинуваа вемеровските агитпроп солдати со операцијата Тирана (Тиранска платформа). Па се изнедрија секакви креатури со разни корки на грпките, за на крај да извршат крвав напад врз Собранието на 27 април. Вемеренцето, неослабено (напротив), подготвува нов 27 април. Во иста или друга форма како и првиот обид да посеат терор и деструкција.

Во меѓувреме, Заев и неговиот тим, за половина година, успеа да надомести сѐ што изгубивме на регионален и меѓународен план за време на 11-годишното владеење на диктаторчето. Тоа беше толкав успех, што ни „гафовите“ од типот„лична проценка“ за солидарност со Косово што ја направи Бујар Османи, не го поматија тој успех.

На домашното политичко боиште (тоа и е!), владата на Заев , едноставно, нема шанси да спроведе коренити реформи, имајќи го вемеровското ДУИ на плеќите, а ни корумпираните користољупци од редовите на неговата партија.

Врв на лицемерството и злокобната манипулација е најновиот „подарок“ на Грујовата марионета Мицкоски. Тој му нуди на Заев поддршка за реформите, доколку тој се откаже од Законот за јазици. Звучи познато, нели? Пред само една година, Груевски го нудеше истото – Заев да се откаже од „Тиранската платформа“, за да го откочи процесот на формирање влада. Што се случи? Терор!

А можат ли Мицкоски и Ахмети (неформалните коалициони партнери) да се договорат и да го притиснат Заев и неговата влада да ги спроведе сите закони кои се однесуваат на употребата на јазикот од нивното време?! Бидејќи, ТИЕ беа на власт цела деценија и си носеа секакви закони, па и онакви што ја регулираат оваа област. Притоа, нека покажат доблест и нека побараат одложување на процесот за донесување на сегашната верзија на законот за јазици, бидејќи и онака е преполна со фалинки. И сите да се посветат на тоа за кое велат дека се согласни: реформи, ЕУ интеграција и членство во НАТО. Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците и сите спомнати и неспомнати во Уставот, па и сите што не се дел од „народите и народностите“ на Македонија, гласаа за слобода, демократија и владеење на правото, а не за од по жица, дворски игри и опасни врски!

На прво место да ги стават реформите на Сваровски судството! Да ги ослободат невините! Да ги стопираат апсурдните пресуди против невладините организации и активистите! Да ги стават зад решетки виновните за дивеењето и грабежот! Да ги конфискуваат украдените пари (дисплејот, нели, да проработи)! Да ги раскинат штетните договори и да ги истражат милионските тендери! Да ги осудат гангстерите кои напаѓаат жени (во униформа) и се закануваат на новинари! Да ги осудат оние што купуваат гаќички за 500 евра од притаен данок. Да ги отпуштат од работа мафиозите во судството и да ги осудат!

Ако Заев не крене рачна и не им врзе машна на гангстерите, тие нему ќе му врзат омча. Што и да му ветат, нема да го исполнат. Толку барем знаеме.

*

ПС. Многу извичници во овој текст… Имаше и зошто!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: „Сваровски судство“Али АхметиБујар ОсманиЕУЗоран ЗаевНАТОНикола ГруевскиреформиХристијан Мицкоски
Share194TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ