• Latest

Нетанјаху: Суспендиран договорот со ОН за африканските бегалци

April 3, 2018

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нетанјаху: Суспендиран договорот со ОН за африканските бегалци

April 3, 2018 07:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е суспендиран договорот со агенцијата за бегалци на ОН за преселување африкански мигранти во западни држави.

Неколку часа откако беше објавено дека со Агенцијата на ОН за бегалци е постигнат договор со кој повеќето од 16.000 Африканци кои бараат азил во Израел ќе бидат испратени во западни држави, а не вратени во африкански земји, Нетанјаху на Фејсбук објави дека договорот ќе биде „ставен на чекање“.

Израелски медиуми јавија дека Нетанјаху објавил на Фејсбук дека го замрзнува најновиот догогвор со ОН.

„Ве слушнав. Особено, граѓаните од југот на Тел Авив. Засега го суспендирам догвоорот“, нагласи Нетанјаху. Тој вети состанок со министерот за внатрешни работи и жители на јужниот дел од Тел Авив каде се сместени голем број мигранти.

Вчера, Нетанјаху изјави дека станува збор за уникатен договор меѓу Високиот комесаријат за бегалци при ОН и државата Израел за преселување на 16.250 луѓе во развиените земји како што се Канада, Германија или Италија. Високиот комесаријат ја презеде обврската да го организира преселувањето мигранти и да го финансира истото, изјави вчера израелскиот премиер за локалните телевизии.

Пред постигнувањето на вчерашниот договор Израел планираше враќање на мигрантите во Африка. Израелската Влада им даде рок на мигрантите до 1 април да ја напуштат земјата и да заминат во неименувана африканска држава, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет. Во спротивно, се предвидуваше, да бидат затворени на неодредено време.

Од тие причини, беа одржани повеќе протести на Африканците, најголемиот дел од Еритреја и од Судан, кои во повеќе наврати потенцираа дека го почитуваат Израел, но стравуваат од протерување.


извор: МИА

Tags: бегалциДоговорИзраелОНсуспензија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ