• Latest

Бог да ја прости социјалдемократијата?

April 11, 2018
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бог да ја прости социјалдемократијата?

April 11, 2018 12:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста“, порача по повод Велигден, социјалдемократскиот премиер на Македонија… Навистина, на Владата итно ѝ се неопходни и поголема одговорност и воздржување, а на СДСМ, итно враќање кон корените и јасна политичка ориентација.

Пишува: Синиша Станковиќ

Кабинетот на премиерот според протоколот, редовно испраќа честитки по повод празниците на сите етнички заедници и на сите конфесии во Македонија, па така, Зоран Заев им го честиташе и Велигден на православните верници. И, до тука е ОК.

Со писмена честитка – како премиер, како и со изјава на домашен терен – како струмичанец и верник, во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“, Заев на своите сограѓани и на сите православни христијани во Македонија, им порача дека „најголеми пријатели на верата и на луѓето може да бидат воздржувањето и одговорноста. Навистина овие човекови вредности може да го ослободат, да го зајакнат и да ги осилат и душата и духот“. Единствено, не знам дали како лидер на партија која се дефинира како социјалдемократска, посебно, онака ептен социјалдемократски, им го честиташе Воскресението Христово и на своите сопартијци, меѓу кои, секако, има и припадници на сите религии и атеисти… За да им ги „осили душата и духот“ во овие ептен тешки времиња, во кои граѓаните на чекор од депресија, очајнички бараат резултати… Знам дека некои велат оти и демократијата станала своевидна религија, современа демек, светска религија, па така, можеби и социјалдемократијата во нејзината македонска варијанта, подразбира кокетирање барем со чувствата на верниците – потенцијални гласачи…

И ќе се обидам да го разберам дури и тоа. Само, малку воздржување, и малку повеќе одговорност…

Прочитав вчера едно чудо забелешки за празничните постапки на актуелната власт и се мислев дали воопшто да пишувам колумна, никогаш не сум сакал да бидам дел од главната струја… Затоа и ја одложив за денеска, ама проблемот со (не)постоење курс на социјалдемократскиот брод, сепак, бара прашања. И одговори. Политиката, нели подразбира јасна ориентација…

 

ВМРО-ДПМНЕ освен полнењето на џебовите на Фамилијата, веќе цела деценија нема ни идеологија ни идеја-водилка, и остана зацапана во длабок батак, како галиите им карикатурални, забетонирани во Вардар.  СДСМ пак, во духот на своето име, според основите од социјалдемократските читанки, треба да се движи, и програмски и во конкретните политики, во рамки на почитување на политичките слободи и на демократските институции, на приватната сопственост и пазарот, и да ја гради Македонија како социјална држава, „држава на благосостојба со редистрибутивни политики, социјално и пензиско осигурување, со законски обезбедени социјални и работнички права, и особено, правата на малцинствата и на маргиналните групи…“

Наместо тоа, делегација на Владата оди на Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје! Премиерот честита според протокол. ОК. Ама, делегација на Владата?!

Верата е приватна работа. А во Македонија, нели, државата е одвоена од Црквата… Не знам дали вицепремиерката Шекеринска и министрите Филипче и Николовски, сосе директорот на Комисијата за верски заедници – се верници. И во тоа не навлегувам. Ама, зарем, како социјалдемократи по определба и по „вјерују“ (за Филипче не знам дали е воопшто социјалдемократ, па се оградувам), немаат малку поинакви приоритети од „баци рака“ на Архиепископот? Дури и празнично, пред камери…

Не дека им е првпат на МКД-социјалдемокративе… Од КПМ, СКМ, СКМ-ПДП, до актуелното име, партијата која го наследи имотот на некогашната партија на македонските комунисти, доживуваше демократски „преобразби“, чекајќи го, како добро организирана партија на работничката класа и на „чесната интелигенција“, постепениот премин во социјализам, јасно, по демократски пат. Знаеше и да заталка, како во периодот на арамиската транзиција кога, наместо со ваучери на самоуправувачите кои го создаваа стопанството, се изврши трансфер на „општествената сопственост“ на јуриш. Па, барабар со уништувањето на средната класа, онаа „чесната“, и со осиромашувањето до питачки стап на работничката класа, се  создадоа македонските тајкуни (од редот на дотогашните директори по директива на ЦК, кои експресно се развија во менаџери од светски маштаб), подоцнежни „сончогледи“ од една кон друга политичка опција на власт…

Сепак, и во македонската кармакаша околу поделбите на партиите на „левица“ и „десница“, во која, на пример, популистичката ВМРО-ДПМНЕ која трета деценија игра главно на ниските страсти – само поради ставот против абортусот галиба, се декларира како десна, но демократска ем конзервативна партија, СДСМ, според името, и јавните настапи на раководството, себеси се смета(ше) за претставник на социјалдемократската идеја во Македонија…. Па, дури, не толку одамна, во текот на единаесетгодишниот период на опозициски статус, неретко беше најавувано и враќање кон корените и социјалдемократската идеја, поцврсти врски со синдикатите, грижа за граѓаните, и реформирање на Македонија во попријатно место за живеачка… Правда и мир и живот! „Градење на општество за сите“! Е да, ама…

Дали „флертот“ на делегацијата на Владата со МПЦ-ОА (чии великодостојници знаеа и на поинакви митинзи да учествуваат) и со верниците е признание дека само уште Господ може да ѝ помогне на Македонија?

Не сакам да верувам. Затoа, веднаш: слобода, еднаквост и социјална правда! За сите, верници или атеисти, сеедно…

За конечно да ѝ тргне, малку од малку, на напатената Македонија.

За многаја лета!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АрхиепископВелигденвлададелегацијаЗаевкорениЛевицаЛитургијаСДСМ
Share298Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ