• Latest

Берлин го засилува притисокот врз Белград поради Косово

April 13, 2018

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Берлин го засилува притисокот врз Белград поради Косово

April 13, 2018 08:36
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Алтман: Меркел ќе го охрабри Вучиќ сериозно да продолжи со бриселските преговори. – Јањиќ: Вучиќ во голема мерка го потроши „капиталот“ кај Германците

13 април 2018

Данас – Белград

Новата средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и германската канцеларка Ангела Меркел предвидена за денеска, треба да се толкува како зајакнување на притисокот на Берлин врз Белград за што е можно побрзо да биде постигнат договор за нормализација на односите со Приштина, оценуваат за „Данас“ претставници на дипломатските кругови и експерти за регионални прашања од Србија и Германија.

Берлин ќе продолжи да врши притисок врз Белград во врска со косовското прашање и можно е Меркел да го потсети Вучиќ на некои неисполнети ветувања. Од друга страна се добива впечаток дека Вучиќ не е подготвен за нови отстапки, тврдат соговорниците на весникот.

Професорот по меѓународни односи од Универзитетот во Букурешт, Франц-Лотар  Алтман за „Данас“ вели дека не очекува „госпоѓа Меркел да му каже нешто ново на господин Вучиќ, но повторно ќе му објасни дека Германија нема да поддржи членство на Србија во ЕУ доколу на крајот на преговорите меѓу Белград и Приштина не биде постигнат одржлив договор за формалниот статус на Косово“.

– Тоа значи дека Меркел ќе го охрабри Вучиќ сериозно да продолжи со бриселските преговори и ќе му пренесе да ги убеди претставниците на властите во Белград да не зборуваат и да не се однесуваат на начин што би го загрозил процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Во исто време Меркел одново ќе ја потврди посветеноста на Германија на перспективата на Западниот Балкан за членство во ЕУ, со посебен нагласок на Србија. Таа веројатно ќе го спомене и претстојниот Самит за Западен Балкан што ќе се одржи во Софија, на кој Приштина мора да биде прифатена како учесник со полн капацитет, смета Алтман.

Според претседателот на Форумот за етнички односи, Душан Јањиќ средбата во Берлин ќе биде „многу корисна пред се, за самиот Вучиќ, а се надевам и за Србија“.

– Ова е критичен момент бидејќи ситуацијата во голема мерка е поинаква од онаа во јули минатата година кога Вучиќ го иницираше внатрешниот дијалог за Косово. Белград се оддалечи од концептот за целосна нормализација на односите со Приштина, кои некои го нарекуваат и „модел на две Германии“ на што посебно инсистира Берлин. Најновите изјави на претставниците на српските власти, вклучувајќи го и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, па и на самиот Вучиќ, покажуваат дека постои голем расчекор во однос на политиката на Берлин. Втора тема која несомнено ќе биде споменета на состанокот Вучиќ-Меркел е и безбедноста, бидејќи првпат по две децении се спомнува можноста за војна во Косово. што е неприфатливо за Германија. Значи тоа ќе биде можност Вучиќ и Меркел да поразговараат сериозно. Иако Вучиќ има значителен капитал на добри лични и партиски односи со Меркел, тој капитал во голема мерка е потрошен во последно време и очекувам по сребата српскиот претседател да се врати на политиката на мали чекори во нормализација на односите со Приштина, истакнува Јањиќ за „Данас“.

Да потсетиме, како што претходно пишуваше „Данас“, Берлин се залага за членство на Косово во ОН со статус на набљудувач, на што Белград остро се спротиставува.

Извор: МИА

Tags: БерлинВучиќМеркелПритисокПриштинасредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ